19 Декември, 2025
0.0855

Надзорот покажа дека судот направил грешка со Сашо Мијалков, ќе биде спроведен в понеделник

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2022 15:26

Добивај вести на Viber

Управата за извршување на санкции по извршениот вонреден надзор во затворот од отворен тип во Струга, констатираше дека таму нема направена грешка, туку дека Кривичниот суд побарал спровод на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков на погрешен датум за судењето на вчерашното рочиште за „Титаник 2“.

„Титаник 2“, уште еден предмет во кој е обвинет Мијалков, е блиску да застари, откако беше одложено вчерашното рочиште. 

Делото на Мијалков во случајот во кој обвинети се и четворица поранешни членови на Државната изборна комисија, застарува за  четири месеци. Поранешниот разузнавач воопшто не бил спроведен од затворот во Струга, каде ја издржува затворската казна за „Империја“ по склучената спогодба. 

„Управата за извршување на санкциите на ден 23.12.2022 година го спроведе претходно најавениот вондреден надзор во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга со  цел  да се проверат околностите поради кои на ден 22.12.2022 година осуденото лице С.М не беше спроведено во Основниот кривичен суд во Скопје на главна расправа по кривичниот предмет “Титаник 2”.

Во текот на надзорот се утврди дека од Основниот кривичен суд Скопје на ден 14.12.2022 година во КПД Струга е добиено барање заведено под V КОК.бр.7/20 со датум од 23.11.2022 година со кое судот побарал обвинетиот во предметот С.М да биде спроведен на расправа на ден 12.12.2022 година во 10 часот.Барањето во затворот е заведено со приемен печат на 14.12.2022 година.

Со оглед дека се утврдило дека овој акт е ист со претходно доставениот за расправата која била на 23.11.2022 година закажана за 12.12.2022 година, заклучено е дека веројатно се работи за грешка, особено поради фактот што ни судот не ја воочил грешката и не доставил исправка на овој акт.

Имајќи предвид дека КПД Струга претходно постапувал уредно на сите судски барања, а во овој случај не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби , Управата за извршување на санкциите не смета дека постои одговорност кај било кој вработен во КПД Струга“, констатира Управата.

Од таму уверуваат дека Мијалков ќе биде спроведен навремено на следното рочиште в понеделник.

„Воедно е разговарано и со осуденото лице С.М за настанатата ситуација. Одговорните во КПД Струга денес по електронска пошта се известени за следната закажана судска расправа на 26.12.2022 година и спроводот на осудениот е веќе планиран“, додаваат од таму.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието