Награда за Најдобар работодавач во Европа трет пат по ред во рацете на „Philip Morris International“
Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2015 12:18
„Philip Morris International“ е награден како Најдобар работодавач во Европа трета година по ред. Признанието за високите стандарди и квалитет во работната средина беше доделено од Институтот за најдобри работодавачи (Top Employers Institute). Деталното истражување спроведено од овој Институт ги вклучи практиките на компаниите во голем број на области, како компензација и бенефити за вработените, развој на кариерата, работни услови и обуки и развој.
Според извештајот, PMI и нивните сертифицирани филијали во 15 земји во Европа, овозможуваат исклучителна работна средина, која нуди широк спектар на креативни иницијативи, со цел личен и професионален развој на вработените.
„Philip Morris International„ ги прошири своите операции на македонскиот пазар во 2014 година, преку креирање на компанија – заедничко партнерство со локалната тутунска компанија Тутунски Комбинат Прилеп, под називот ПМТКП. Ова стратешко партнерство е високо ценето, со тоа што PMI ги носи својата интернационална експертиза и практики во Македонија, не само како водечка тутунска компанија во светот, туку и како префериран работодавач.
Во поглед на посветеноста на компанијата да развие професионалци од висок калибар и да им помогне на младите, амбициозни таленти да ги остварат своите посакувани профили, PMI отвора нови и атрактивни можности за младите таленти во Македонија преку нивната прва Програма за практиканти. Оваа програма нуди вистинско работно искуство во интернационален амбиент.
Избраните практиканти ќе имаат можност да ги развијат своето знаење и понатамошни способности, во динамично и професионално опкружување, преку вклучување во реални проекти во комерцијалниот сектор, маркетинг секторот, како и секторот за финансии, набавки и администрација, но пред сè, ќе имаат можност да откријат интернационална работна средина во врвна мултинационална компанија.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




