01 Ноември, 2024
0.0258

Најавени нови протести и штрајкови во Грција

Објавено во: Балкан 15 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Поради очекуваното гласање во Парламентот на пакетот закони, кои предвидуваат ревизии во државниот сектор, нов даночен кодекс и други промени во замена за продолжување на финансирањето на земјата од меѓународните кредитори, во Грција од денеска до среда ќе се одржат протести и штрајкови.

Пакетот беше одобрен кон крајот на минатата недела од парламентарната Комисија за економски прашања со гласовите на двете партии од владејачката коалиција - конзервативната Нова демократија и социјалистичката ПАСОК. Демократската левица ДИМАР, која ја напушти коалицијата минатиот месец гласаше „против“.

Гласањето на пакетот закони ќе се одржи во среда, за кога е планиран и протестниот марш пред грчкиот Парламент.

Кулминацијата на протестите се очекува утре, за кога е планиран 24-часовен штрајк, свикан од двата синдиката ГССЕ и АДЕДИ, кои ги обединуваат вработените во приватниот и државниот сектор. За утре е закажан и протестен митинг во центарот на Атина. Од денеска до среда општинските служби во Грција ќе бидат затворени во знак на протест против предвидените намалувања на работните места во државниот сектор.

Вработените во локалната власт поради овие кратења планираат протести и во другите поголеми градови во Грција.

Педагозите и наставниците исто така ќе излезат на протести, а најавено е и учество на вработените во државните болници, кои исто така се засегнати од кратењата.

Проблеми со очекуваат во железничкиот сообраќај поради учеството на федерацијата на железничарите во генералниот штрајк, објавена од двата синдиката за утре.

Грција доби тримесечно одложување од тројката меѓународни кредитори (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) за ставањето на 12.500 вработени во буџетскиот сектор во т.н. „шема на мобилност“, што значи дека тие имаат рок од осум месеци за да пронајдат работа или ќе бидат отпуштени. Грција овие кратења требаше да ги спроведе до јуни.

Можеби ќе ве интересира

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот