Добивај вести на Viber
Најбогатиот босанец, Иван Жилиќ со имот од 24 милијарди евра сака да вложи во Босна и Херцеговина, ако тоа му го дозволат политичарите во земјата.
Тој изјавил дека е заинтересиран за вложувања во проекти од најмалку 100 милиони евра, а за почеток ако му понуди државата готови проекти би вложил една милијарда евра.
Дури бил подготвен да откупи странски кредити кои ги има земено БиХ, а државата би ги враќала по пониска камаптна стапка на Жилиќ.
За Жилиќ веќе неколку месеци пишуваат сите медиуми во БиХ и регионот, но сеуште никој од политичарите не се огласил на неговите понуди. Неговиот имот може лесно да се провери, затоа што Жилиќ во април, на државата Луксембург каде што живее и платил повеќе од милијарда и седумдесет милиони евра данок.
Судејки по се, Жилиќ не само што е најбогатиот жив Босанец, туку и на листата на форбс за најбогати луѓе би влегол помеѓу првите дваесет. Тој со добра воља би вложил во својата татковина, затоа што тоа би му се одбило од данокот кој го плаќа во Луксембург, но затоа му се потребни цврсти гаранции од БиХ.
Рекол дека може да вложи во автопат во БиХ и во сите други вредни и озбилни проекти ако БиХ има сериозни намери да воспостави соработка со него.
Додека политичарите во БиХ молчат на повикот на Жилиќ, тој своите средства би можел да ги инвестира и во Хрватска. Што преку Jutarnji ја изразил својата желба за тоа, му се јавиле безброј заинтересирани и потенцијални партнери. А од БиХ ниту глас.
Единствено кои го побарале биле неговите сонародници од Босна, но и колеги инжењери од Хрватска кои го молат за помош во пронаоѓање на работа или барем за совет. Приказната за Иван Жилиќ, судејки по се е на самиот почеток, но дали ќе се заврши со среќен крај за БиХ останува непознато.
Жилиќ е роден во Вареш во 1948 година. По завршувањето на студиите со звање инжењер се вработил во Ford. Жилиќ седум години на конференции и симпозиуми слушал како се раглобуваат теории за нерешениот проблем со заварувањето на спојките.
Тоа било така се додека, како што вели тој, не му пукнал филмот и рекол да му го препуштат тоа на него.
Во момент на инспирација, Жилиќ дошол до решение кое довело до револуција во начинот на кој и ден денеска се склопуваат автомобилите од кој произлегле неговите 21 патенти. Благодарејки на тоа, Жилиќ денеска собира повеќе од две милијарди евра годишно.
Како Жилиќ го заработил богатството
Целата приказна за неговото богатство започнала кога како вработен во американскиот автомобилски гигант Ford во 1998 година и го открил тогаш револуционерниот изум за вградување на држачи за технички склопки, без кои автомобилскиот свет денеска е незамислив. Американски Ford преку примената на изумот на Жилиќ успеал да заштеди десетици милијарди евра.
Како што вообичаено се случува, пронаоѓачот на решението и сопственик на патентот Иван Жилиќ од американскиот произведувач на автомобили добил исклучително признание во 1999, а во целата приказна исплатата на парите изостанала.
Дури во 2004 година тој се сетил да покрене судски спор. Тогаш започнала неговата борба за правдата по германските судови, но на крајот спорот завршил во негова корист а од својот патент тој живее навистина угодно. Денеска тој е еден од најголемите светски изумители и втор по богатсво поединец во Европа, веднаш по сопственикот на Zara.
Можеби на непознавачите им се чини банално. Но таа можеби само на око тривијална иновација им заштедила на компаниите стотина часови работа, десетици илјади квадратни метри скап простор и немерливи количини на човечки напор. Но, кога Жилиќ за својата иновација побарал награда која му припаѓа според закон, како странец се нашол пред препреки и во лавиринти за кои ни не замислувал дека постојат.
Неколку пати неговиот живот бил во опасност, многу учесници во тој процес завршиле во затвор или биле казнети, па дури и Жилиќ. Но сепак на крајот за Жилиќ тој систем ја донел правната сатисфакција која денес го прави вториот најбогат европеец и досега нејбогатиот Босанец.
K.K