21 Мај, 2024
0.0278

Најдобрите три совети на Ентони Боурдеин што да јадете кога патувате во странство

Објавено во: Стил 08 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Доколку го сакате патувањето и исто толку сте обожавател на храната, тогаш мора да сте фан и на Ентони Бурдеин. Шефот на ресторанот го претвори авторот во голема ѕвезда на телевизиите во последните неколку години, најпрво со неговото шоу „No Reservations“  (Без Резервации) на Дискавери Канал а сега и со „Parts Unknown“ на Си-Ен-Ен.

Бурдеин има големо и почитувано присуство во светот на храната и патувањата. 58-годишниот маж е познат по неговите искрени, не глупави пристапи за истражување и раскажување  на приказните од целиот свет преку луѓето и храната што ја јадат.

На петата сезона од Parts Unknown  ќе има премиера на Си-Ен-Ен во Недела, Април 26-ти во 21 часот. Тој ќе ги истражува Јужна Кореја, Мајами, Шкотска, Њу Џерси, Мадагаскар, Будимпешта, Хаваите и Бејрут.

Тој зборуваше за тоа како, кога станува збор за храна, луѓето имаат тенденција да си играат со безбедноста кога патуваат во непознати места. Тој ја истакна важноста на јадење како голема - посебно кога патувате во странство.

„Ако сте на некое место, магично како Венеција и сакате да ги видите истите луѓе кои ги гледате во Хемптонс или Сент Барт, треба да знаете дека има нешто наопаку во вашиот живот, вели Боурдеин низ смеа. „Ако вашата идеја за одлично јадење се случува само во места како „Phillipe or Mr. Chow or Cipriani“ во Њујорк ... каде што плаќате пет пати повеќе, па, веќе е доцна за вас“.

Нема решение. Бидете адвантуристи. Ви ги претставуваме трите најдобри совети за да се храните добро кога патувате во далечни места.

anthony-bourdain-best-tips-eating-great-traveling-abroad-miami

1. Бидете отворени за „среќни несреќи“

Најголемиот оброк, Боурдеин вели, е оној „што ви треба во моментов.“ На пример, тој се сеќава на времето во Карибите, кога се возел на скутер со неговата девојка. Од никаде - како тоа се случува во тој дел од светот - одеднаш почнало да врне обилен дожд. Сакајќи да се симнат на патот, Боурдеин и неговата придружничка застанале до она што прво им се појавило на патот дрвена колиба со лимен покрив. Боурдеин собрал малку храброст и влегол внатре.

„Таму имаше еден пријател со злобен изглед кој носеше кратка извалкана мајца, печеше пилешко на скара која личеше на исечен барабан, вели тој. „Кучиња се шетаа наоколу. Но ние седнавме на маса и го нарачавме тоа пилешко.

„Се за тоа беше неочекувано, но дојде заедно“, продолжува Боурдин. „Пивото беше ладно, вистинската песна - нешто од Питер Тош - идеше на радио. Тоа беше среќна несреќа, и тоа беше најдоброто непредвидливо пилешко што некогаш сум го јадел. Јас секогаш велам. Ќе има што да се каже ако им дозволите на одличните јадења да ви се случат“.

2. Откажи се од твојот начин за да добиеш совет

Кога среќните несреќи може да бидат одлични, Боурдеин препорачува исто така некои локални места. Но, еднставно, не прашувајте го вашиот рецепционер во хотел да ви каже каде да јадете. „Тој ќе ве испрати на местото каде одат туристите“, вели Боурдеин. „Немојте да јадете како турист. Тоа не е начинот на образование кое го знаете“.

Земете храна препорачана од вистински локални жители. Тоа не значи дека мора да ги испрашувате луѓето кои ќе ги сретнете на улица или во бар, вели Боурдеин. Пред да стигнете на вашата дестинација, пребарувајте по интернет. Најдете некој што го познавате - или некој што познава некој таму - кој живее или живеел во местото на кое патувате. Прашајте ја личноста каде е најдобра храната. Индвидуалци сигурно ќе ви препорачаат места бидејќи јадењето е убаво или искуството е одлино, не едноставно бидејќи е лесно да се дојде до нив.

Доколку не знаете никој во градот во кој патувате, Боурдеин има интересна алтернатива: Обдидете се да постирате лажен поглед на некој интернационален или травел сајт. Наведете го местото на средбата и направете приказна за она што сте го јаделе блефирајќи со вашиот ум. „Потоа, почекајте сите лути генијалци за храна да ви кажат колку грешите и се за другите места каде што би требало да отидете“, вели тој.

anthony-bourdain-best-tips-eating-great-traveling-abroad-old-college-bar

3. Истражувајте, истражувајте, истражувајте

Се надеваме вашето време во странство не е само да одите за биснис. Земете си време и за себе. Излезете надвор и истражувајте ја областа. Бидете опсерватори.

„Погледнете каде локалните жители јадат, и јадете го и вие тоа“, вели Боурдеин. Ако сте во ресторан каде сите изгледаат како вас, како турист, најверојатно сте влегле на погрешно место“.

Ако сакаш да јадеш неверојатна морска храна, истражи ги локалните маркети или пазари. „Шансите се поголеми еден дечко да продава риба во рибен маркет  каде сакаш да јадеш . „Можеби тој знае каде да добиеш неверојатна чинија тестенини, исто така.“

Кога ќе го видите локалното население стуткано во ресторан, храната таму е веројатно добра. Дури и ако не сте запознаени со фамилијарната храна, размислете да ја пробате. „Соберете малку храброст,  и само одете во тоа место“, вели Боурдеин. „Тоа едноставно е моментот кога ќе добиете добар „yakitori“ или нешто друго за кое никогаш не сте слушнале за прв пат - тоа е огромно чувство на остварување.“

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“