26 Декември, 2024
0.0310

„НАЈГОЛЕМ РАСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ“ - премиерот најавува „до крај на годината очекуваме да надмине една милијарда евра“

Објавено во: Економија 08 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека за краток период од половина година Владата успеала да ја консолидира економијата, искажувајќи задоволство од податокот за пораст на Бруто-домашниот производ (БДП) за 3 проценти во третото тримесечје од 2024 година (јули, август и септември).  

На прес-конференција посветена на економскиот раст, претседателот на Владата рече дека податоците што ги објави Државниот завод за статистика ги надминале и очекувањата на Владата и прогнозите на Светска банка, нагласувајќи дека „во услови на сложени геоекономски и политички случувања, 3 проценти е меѓу најголемите во рамките на ЕУ“. 

- Успеавме да ја консолидираме економијата и индикаторите со коишто денеска можеме да излеземе пред македонската јавност во ова тримесечие се едни од најдобрите во Европа. Многу ретко до сега сме имале можност да се пофалиме со економски резултат што ќе биде еден од најдобрите во Европа. Само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, а што се однесува во регионот, помала стапка на раст во третиот квартал имаат две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија, 2,4 проценти. Романија е во негативно салдо -0,3 проценти, Словенија е 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија итн. Ако се анализираат податоците ревидирани од првите три квартали оваа година, тогаш може да кажеме дека БДП порасна во просек повеќе од 2,6 проценти, што претставува повеќе од предвидувањата на некои од меѓународните институции, мислам дека тоа беше Светка банка, која предвидуваше раст од 1,8 проценти за 2024 година на БДП на македонската економија, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата. 

Очекува раст сличен и повисок во четвртиот квартал (октомври-ноември-декември) од 2024, со што, рече, би се доближиле на годишно ниво од 3 проценти, „што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти“.

Соопшти дека во третото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите: трговија на големо и трговија на мало, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности.

Како што рече, финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2024 година, номинално растеле за 3,9  отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 67,7 отсто. Во истиот период, рече Мицкоски, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2, 0 отсто.

- Покрај историски најголемиот раст на странски инвестиции кое до крај на годината очекуваме да надмине една милијарда евра, еве успеавме после консолидирање на македонската економија првите индикатори да бидат едни од најдобрите во Европа, секако и најдобри во регионот. Тука не застануваме, ќе продолжиме да работиме. За кратко време, да заклучам, имаме плус 3 проценти на БДП и рекордно ниво на странски инвестиции за кои, како што кажавме, до крајот на годината очекуваме да биде повеќе од 1 милијарда евра. Можам да кажам дека опоравувањето е на задоволително ниво, секогаш може подобро и ние ќе се стремиме да биде подобро и ќе биде подобро. Што се однесува до личната оценка можам да кажам за краток период ја консолидиравме економијата, и можам да кажам дека сум задоволен, истакна Мицкоски. 

Како што рече, доаѓаат подобри времиња во економијата и се потребни „крупни економски чекори“ за да се надомести „изгубеното во изминатите седум години“, затоа што, рече, Владата пред речиси шест месеци наследила „индустрија во опаѓање, неисплатени плати, јавни претпријатија и акционерски друштва во доминантна државна сопственост во банкрот“. 


Можеби ќе ве интересира

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Мицкоски: Или никој нема да работи во недела или за двојна дневница

Мицкоски: Или никој нема да работи во недела или за двојна дневница

Марјан Ристески призна: Трговците не изманипулираа за „есенската кошничка“

Марјан Ристески призна: Трговците не изманипулираа за „есенската кошничка“

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

Од 1 јануари: Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси – Министерството за енергетика со нов тарифник

Од 1 јануари: Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси – Министерството за енергетика со нов тарифник

Русија почнува да користи биткоин за меѓународни плаќања

Русија почнува да користи биткоин за меѓународни плаќања

ОВОЈ СЕКТОР ДОЖИВЕА НАЈМНОГУ ЗАГУБИ НА РАБОТНИ МЕСТА ГОДИНАВА: Повеќе од 130.000 луѓе беа отпуштени

ОВОЈ СЕКТОР ДОЖИВЕА НАЈМНОГУ ЗАГУБИ НА РАБОТНИ МЕСТА ГОДИНАВА: Повеќе од 130.000 луѓе беа отпуштени

Уште 7,5 милиони евра за „Бехтел и Енка“, изградбата на автопатите уште не е почната

Уште 7,5 милиони евра за „Бехтел и Енка“, изградбата на автопатите уште не е почната