Најголемиот е-спорт настан во земјата за прв пат на 5G: А1 Game Fest финале на 28 и 29 октомври
Објавено во: Мои пари 27 Октомври, 2022 10:17
Традиционално, петта година по ред, А1 Македонија во соработка со GG.MK го организира најочекуваниот и најголемиот е-спорт настан во земјата - А1 Game Fest 2022.
Претстојниот викенд, на 28 и 29 октомври, Skopje City Mall е локацијата каде посетителите ќе имаат можност да ги следат во живо финалните натпревари, односно највозбудливиот дел од гејминг доживувањето на A1Game Fest 2022.
Програмата за двата финални дена на А1 Game Fest најавува незаборавен викенд засите гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и за сите гејминг ентузијасти. Ве очекуваат натпревари во: DOTA 2, Call of Duty:Warzone, FIFA 23, Tekken 7, Board Games, Retro Corner како и највозбудливиот Cosplay натпревар. Oваа година за прв пат ќе се одржи Reality Awakens трка со RC коли како и натпревар во Clash Royale, преку 5G мрежата на А1.
Онлајн публиката ќе има можност да ги следи натпреварите преку директен пренос на профилите на А1 Македонија на Facebook и Instagram, како и преку Twitch каналот GG.MK. Возбудата на натпреварите ќе ја пренесат нашите врвни коментатори, а гледачите ќе можат да освојат вредни подароци.
Програмата на А1 Game Fest 2022 е збогатена со нови содржини креирани од партнерите на најголемиот е–спорт настан, Coca-Cola, Подравка со брендот Квики и Ирис-Мега кои обезбедуваат награди за победниците и многу изненадувања за публиката.
Coca-Cola, партнер на овогодинешниот А1 Game Fest, ќе биде задолжен за освежувањето и многубројните награди и изненадувања. Заедно со Coca-Cola
македонските гејмери ќе се натпреваруваат во Tekken 7, ќе споделуваат возбуда во специјално дизајнираните барови поставени на самата локација. Дополнително, посетителите на А1 Game Fest ќе имаат можност да ги рециклирааат искористените амбалажи на посебно означено место, со уникатен и препознатлив Coca-Cola дизајн.
Квики се официјалните грицки на А1 Game Fest 2022. Во Квики корнеротќе се игра FIFA 23, во живо ќе стрима познатиот јутубер Steffonator, а за публиката има VR зона, чил зона и вредни награди.
Детали и сите потребни информации за самите натпревари се достапни на https://www.facebook.com/a1gamefest/
ПР објава
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




