19 Декември, 2025
0.0613

Најголемите компании од Македонија и регионот присуствуваа на 8 FMCG SUMMIT

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2022 15:15

Добивај вести на Viber

Повеќе од 400 учесници од најголемите компании од секторот трговија со стока за широка потрошувачка во земјава го посетија 8 FMCG SUMMIT што се одржа вчера во хотелот „Александар палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“

Овој најголем настан во трговскиот сектор во Македонија уште еднаш на едно место ги обедини трговците, дистрибутерите и производителите, кои имаа можност да ги слушнат новитетите и трендовите од врвни авторитети во FMCG - секторот. Говорници од Македонија, Србија, БиХ и Велика Британија  пред присутните ги споделија своите драгоцени искуства и знаењa за тоа како  компаниите да носат одлуки во време на висока инфлација и економска криза, како да опстанат на пазарот, кои извори на финансии им стојат на располагање, која е тајната на победничките тимови, како продажните тимови подобро да продаваат и слични актуелни теми. Бојан Радун, CEO на „Имлек“ и сопственик на „Нектар“ сподели искуства за раководењето на семејните фирми – која е разликата меѓу водството на сопственик и професионален менаџер, а во рамки на Самитот имаше и дебата за актуелните проблеми на компаниите и можните решенија за во иднина.

Самитот се одржува еднаш годишно во Македонија. Вакви FMCG – самити организираат и редакциите на InStore во Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Можеби ќе ве интересира

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“