Најмалите виничани ќе штедат вода
Објавено во: Економија 16 Август, 2013 13:01
Комбинираната детска установа „Гоце Делчев“ и Средното општинско училиште „Ванчо Прке“ од Виница заеднички ќе штедат вода.
Од денес паркот на детската градинка со површина од 4.000 метри квадратни ќе се наводнува со техничка вода од новата бушотина во дворот на ОУ„Гоце Делчев“ на длабочина од 30 метри со капацитет од два литри во секунда. Бушотината ќе ги наводнува и зелените површини на ОУ„Гоце Делчев“ со површина од 5.000 метри квадратни.
- Инвестицијата вредна 1.500 евра постепено ќе ја враќаме преку сметките за вода кои во текот на летниот период достигнуваат и до 30.000 денари, истакна Илија Јованов, директор на КДУ„Гоце Делчев“ од Виница.
Според него СОУ„Ванчо Прке“ успеа да обезбеди техничка вода со бушотина на длабочина од 45 метри, која е со капациттет од три литри во секунда и ќе ги наводнува зелените површини во кругот на училиштето. За таа намена се потрошени 260.000 денари средства од сопствениот буџет. Според најавите од двете институции, техничката вода ќе се спроведе и во санитарните јазли на училиштето и детската градинка.
Можеби ќе ве интересира
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?




