16 Декември, 2025
0.0544

НАЈМЛАД ЧИТАТЕЛ ВО НЕГОТИНО: Почнала да чита на три години, а денес ужива во секоја прочитана книга

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2019 06:54

Добивај вести на Viber

Седумгодишната Јована Алтанџиева од Неготино, е најмладиот читател во библиотеката „Страшо Пинџур“ во градот, а чита од својата трета година.

Таа е одлична ученичка, посетува настава во Основното училиште „Гоце Делчев“, оди во второ одделение. Веќе неколку години е член на локалната библиотека за што има многу пофалби од сите кои ја знаат, но и од библиотеката. Лани таа е прогласена за еден од најактивните читатели во библиотеката. Родителите кај ова девојче ја всадиле љубовта кон читањето уште од мали нозе, а таа денес истата навика се труди да ја пренесе на својата помала сестра, но и на врсниците.

„Уште многу мала кога имаше 2 години, јас и мојата сопруга како родители, посебно јас секој ден ѝ читав сликовници, а таа стекна навика и секој ден ме чекаше од работа за да ѝ прочитам неколку сликовници (имаме дома преку илјада сликовници и книги). Секој ден со мојата сопруга ѝ купувавме по неколку сликовници. Исто така на свои 3 години веќе знаеше прочитаните сликовници сама да ги раскажува без наша помош. Конкретно омилен писател нема (сите писатели ѝ се омилени), и чита книги од сите жанрови“, вели нејзиниот татко Горан Алтанџиев.

Јована Анталџиева месечно чита најмалку 4 или 5 книги. Ова девојче повеќе сака да чита во слободно време отколку да седи постојано на компјутер.

„Во однос на читањето Јована на своите другарчиња им советува дека навиката за читање е многу убава, и  дека многу поубаво е да се читаат книги отколку да се седи пред компјутер. Таа на своја 3 годишна возраст во градинка на своите другарчиња им ги раскажуваше сликовниците, а секојдневно добиваше пофалби од градинка од нејзината воспитувачка Јана Коцева,која се гордееше со неа. Од книжарите во Неготино сите нѐ запознаа, од причина што Јована заедно со нас секој ден одеше таму за да купиме книга“, додава Горан Алтанџиев.

Ова е само еден позитивен пример во нашата земја, како читањето може да биде корисно и од него младиот човек да има многу придобивки во иднина.

Младите освен лектири, треба да читаат и слободна литература за да го збогатат своето знаење, но и фондот на зборови, што ќе го подобри нивното изразување.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“