09 Октомври, 2024
0.0270

НАЈМЛАДАТА ЖИТЕЛКА ИМА 55 ГОДИНИ: Село во Шпанија бара нови жители

Објавено во: Свет 27 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Испразнетите села во Шпанија бараат нови жители. 

На стотици села им се заканува изумирање и затоа постарите жители и властите се обидуваат да привлечат млади луѓе со воведување нови технологии во земјоделството, развивање на руралниот туризам и изнајмување на напуштени куќи.

Бихуеска се наоѓа на североистокот на земјата. Во селото се регистрирани само 98 жители, но од нив всушност живеат 18. Останатите го пријавиле живеалиштето за да платат помалку за регистрација на автомобил отколку во градот каде живеат.

55-годишната Беатриз Гои е најмладата жителка на Бихуеска. Заедно со нејзиниот 60-годишен сопруг Хозе Луис поседуваат кафуле во селото.

За време на Божиќ во селото дојдоа 300 луѓе по потекло од тој крај, но сега десетици куќи повторно се празни. Бијуеска е оддалечена 45 километри од градот Сорија, а од друга страна, 45 километри од градот Калатајуд, од каде свештеникот доаѓа да одржи миса во сабота, иако понекогаш во црквата има само тројца верници. Најблискиот здравствен дом е на 25 километри.

Во септември, за време на шестмесечното претседавање со ЕУ, шпанската влада организираше конференција за иднината на руралните места во Сигуенца, село на еден час возење од Мадрид.

„Руралната депопулација е исклучително сложен проблем“, вели Игнасио Муиз, одговорен за планирање на политиките во шпанското Министерство за земјоделство.

Вели дека им требаат млади луѓе кои ќе произведуваат храна. 

Од 18 жители, осум се пензионери. Началникот не живее таму, туку во друго село, па Хозе Луис е одговорен за итни случаи. Проверува дали има струја, дали работи водоводот. 

Многу села во Италија бараат нови жители со стимулации. Ова се случуваше и во дел од швајцарските села. 

foto Wikipedia/Diego Delso

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист