10 Декември, 2024
0.0257

НАЈМНОГУ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ ПОВТОРНО ВЛЕГУВААТ ОД ДДВ: се очекува раст на сите даночни приливи, еве како ќе се трошат

Објавено во: Финансии 08 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Плановите на новата Влада за буџетските трошоци стигнаа во Собрание. Буџетот за 2025 година сега е пред пратениците, кои треба да ги разгледаат детално плановите на Владата за приливите и трошењето на државата следната година.

Вкупните даночни приходи во буџетот следната 2025 година се планираат да достигнат 202,2 милијарди денари, или 5,8 милијарди евра. Според податоците, новата власт планира поголеми приходи за 12,8 проценти во однос на планираните даночни приходи за 2024 година.

Паралелно со растот на приходите, надлежните планираат да ги зголемат и трошоците за следната година. Па така следната година државата ќе потроши 400,2 милијарди денари што е за 10,3 отсто повеќе од 2024 година. Тоа се всушнот 6,5 милијарди евра, колку што достигнува вкупно буџетот на земајва.

Што се однесува до дефицитот, тој во 2025 година е проектиран на 41,3 милиони денари. Отплатата на долгот од 66,2 милијарди денари, од кои надворешен долг 49,3 милијарди денари и домашен долг 16,9 милијарди денари, ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.

Но да одиме по ред. Во државната каса само од данокот на личен доход следната година се планираат 35,7 милијарди денари (580 милиони евра), при што се планира раст на од 13,1 отсто во однос на 2024 година.

Од данокот на добивка за 2025 година се очекуваат приливи во висина од 23,3 милијарди денари, или 378,6 милиони евра. И кај данокот на добивка се очекува раст од 10,3 проценти во споредба со претходната година. Овој раст како што пишуваат надлежните треба да се реализира со раст на профитите на компаниите, оданочување на компаниите кои биле во системот на државна помош и очекуваниот економски раст.

Сепак, убедливо најмногу пари во државната каса треба да „влезат“ од ултрапопуларниот Данок на додадена вредност. Следната 2025 година од ДДВ се планира во буџетот да се инкасираат 86,7 милијарди денари или 1,4 милијарди евра. Овде растот во однос на тековната година е 10,5 проценти.

Приходите од акцизи во 2025 година се предвидени да достигнат 35,4 милијарди денари или 575,4 милиони евра, каде се планира раст од 18,6 проценти во однос на 2024 година.

Од царински давачки, вклучувајќи го и данокот на моторни возила, следната година во Буџетот треба да влезат 16,3 милијарди денари, или 264 милиони евра. Се очекува да има раст од 19,9 проценти во однос на претходната година.

Исто така се очекуваат приливи од 4,9 милијарди денари од другите даночни приходи. Следната година од неданочни приходи, административни такси, концесии и други неданочни приходи, во државната каса ќе влезата 26,3 милијарди денари.

Надлежните посочиле дека се планираат приливи и во висина од 3,5 милијарди денари од капитални приходи, како што е продажба на земјоделско земјиште и општествени станови, како и по основ на планирана дивиденда од АД Македонски Телеком.

Бројките откриваат дека високи прилив во државната каса ќе има и од придонесите, чиј износ достигнува 117,1 милјарди денари или 1,9 милијарди евра. Поконкретно само од придонеси за пензиско осигурување ќе има прилив од 81 милијарда денари, додека од придонесите за здравствено осигурување 31,6 милијарди денари.

-  Социјалните придонеси како изворни приходи на фондовите за пензиско и здравствено осигурување и на Агенцијата за вработување се планирани во износ од 117,1 милијарди денари или за 11,3  проценти на повисоко ниво во однос на придонесите планирани за 2024 година – се посочува во документот доставен до пратениците.  

РАСХОДИ – ЕВЕ КАДЕ ЌЕ ТРОШИМЕ НАЈМНОГУ ПАРИ

Следната година, државата планира да потроши 400,2 милијарди денари или 6,5 милијарди евра, што е за 37,4 милијарди денари повеќе во однос на 2024 година.

Тековните расходи за 2025 година се планирани во износ од 349,6 милијарди денари или 5,6 милијарди евра. Тековните раходи се за 9,9 проценти поголеми од 2024 година, а тука влегуваат платите на вработените во јавниот сектор, пензиите, гарантиран минимален приход и останати социјални права, исплата на субвенции во земјоделството, поддршка на малите и средните претпријатија, поддршка и субвенционирање на иновативните активности, како и средства за поддршка на ранливи категории на граѓани и стопанството.

Најголем опфат во тековните расходи на државата се социјалните трансфери, за што се планираат 191,1 милијарди денари или над 3 милијарди евра. Секако овде најмногу пари ќе се потрошат на пензиите, за што се планираат 105,4 милијарди денари или 1,7 милијарди евра. Трошоците за пензиите следната година, во споредба со тековната ќе се зголемат за 16,6 отсто.

-  За исплата на пензии планирани се 105,5 милијарди денари, со вклучен ефект за линеарен пораст на пензијата за секој пензионер од 2.500 денари почнувајќи од март 2025 година, а со цел да се овозможи пристоен животен стандард на пензионерите – се нагласува во Буџетот.

Во тековните раходи влегуваат и платите на администрацијата, за што државата планира 48,1 милијарди денари или 782,6 милиони евра. Притоа е забележан раст во споредба со оваа година од 8 проценти. Само за плати следната година ќе се потрошат плус 3,595 милијарди денари.

Ќе се троши и на набавка на стоки и услуги, за што се планираат 26,2 милијарди денари, а надлежните посочуваат дека овие трошоци се помали во споредба со 2024 година за 0,5 проценти. Тука се и трошоците за функционирање на институциите, средства за спроведување на изборните активности, како и исполнување на обврските кои произлегуваат од НАТО стандардите.

Здравствената заштита е планирана на ниво од околу 52,5 милијарди денари или 854,1 милион евра. Овие средства ќе се реализираат преку Фондот за здравствено осигурување, најголем дел од планираните средства се наменети за финансирање на здравствените услуги и исплата на обврски на јавните здравствени установи.

Трансферите до општините се планирани во износ од 33,2 милијарди денари наменети за финансирање на пренесените надлежности на општините и дотација до општините.

КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ СПОРЕД ПЛАНОТ ТРЕБА ДА ПОРАСНАТ 13 ОТСТО

Податоците од документот покажуваат дека за капитални расходи државата планира следната година да потроши 50,5 милијарди денари или 821 милиони евра. Тоа се всушност за 13 проценти поголеми од плановите за оваа година.

- Фискалната политика наредната година ќе биде насочена кон создавање на предуслови за економски раст, обезбедување јавни инвестиции за подобрување на економските перспективи и подобар живот на граѓаните. Покрај високото ниво на капитални инвестиции од Буџетот, значителни средства се обезбедени и со заеми од меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори – се нагласува во Буџетот.

Во него е посочено дека во 2025 година ќе продолжи изградбата на источниот дел од патниот коридор 8 преку делницата Ранковце - Крива Паланка, финансирана со заем од Светска банка и делницата Крива Паланка до границата со Бугарија, финансирана со заем од Европската банка за обнова и развој - ЕБОР и грант средства од инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан - ВБИФ. Во 2025 година ќе се финансира и западниот дел од патниот коридор 8 преку изградба на автопатска делница Кичево – Букојчани, со заем од ЕБОР и делницата Кичево – Охрид, со заем од ЕКСИМ банка.

Потоа се планираат буџетски средства за изградба на дел од Коридорот 8, делницата Тетово – Гостивар, делницата Гостивар – Букојчани, но и на делницата Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д. Предвидена е и изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце, која се финансира со заем од ЕБОР.

Следната година предвидени се средства за железничка инфраструктура со продолжување на реализацијата на првата и втората фаза од Проектот за изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга - Коридор VIII - делница Куманово - Бељаковце - Крива Паланка.

Петранка Огнаноска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СТЕВКОВА-ШТЕРИЕВА: Банките и натаму остануваат прв избор на граѓаните, во Комерцијална банка се чуваат 1,66 милијарди евра на населението

ИНТЕРВЈУ СТЕВКОВА-ШТЕРИЕВА: Банките и натаму остануваат прв избор на граѓаните, во Комерцијална банка се чуваат 1,66 милијарди евра на населението

Приливите на Binance за 2024 година се речиси 40 отсто повисоки од следните 10 берзи заедно

Приливите на Binance за 2024 година се речиси 40 отсто повисоки од следните 10 берзи заедно

ПОДАТОЦИТЕ ЗА ВИСТИНСКИТЕ СОПСТВЕНИЦИ СЛАБО СЕ КОРИСТАТ - анализа покажува дека надлежните одвај соработуваат во бората против корупцијата

ПОДАТОЦИТЕ ЗА ВИСТИНСКИТЕ СОПСТВЕНИЦИ СЛАБО СЕ КОРИСТАТ - анализа покажува дека надлежните одвај соработуваат во бората против корупцијата

СЕ „ГОРИ“ ВО ОВОЈ СЕКТОР: Зошто многумина не успеваат во еден од најбрзо растечките бизниси, а некои стануваат ѕвезди?

СЕ „ГОРИ“ ВО ОВОЈ СЕКТОР: Зошто многумина не успеваат во еден од најбрзо растечките бизниси, а некои стануваат ѕвезди?

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи