НАЈМНОГУ ТРОШИМЕ ЗА ХРАНА: Колку чинеше минималната синдикална кошничка во октомври?
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2023
Синдикалната минимална кошница за октомври изнесувала 46.198 денари.
Пресметката ја објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19.668,36 денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари. За домување во октомври биле потребни 13.716,86 денари или 30,73 отсто. Според ССМ, за хигиена биле потребни 3.267,42 денари или 7,32 процента, за превоз 3.735 денари или 8,37 отсто, за облека и обувки 2.343,63 денари или 5,25 проценти, како и за култура 1.067,86 денари или 2,39 отсто.
Синдикалната минимална кошничка за месец септември изнесувала 48.379 денари.Во однос на август таа беше намалена за 966 денари. Се смета дека тоа е поради гарантираните цени на производите.
foto freepik.com/BillionPhotos
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.