19 Декември, 2025
0.0524

Најниската плата во Македонија е речиси 600 евра пониска од таа во Словенија

Објавено во: Финансии 24 Јули, 2025 16:43

Добивај вести на Viber

Нашата земја има најниска минимална плата од земјите од поранешна Југославија, анализира Нова економија. 

Во земјите од поранешна Југославија, најниската минимална плата се исплатува во Македонија – 397 евра нето. Според пресметките на српска Нова економија, најниската плата во Македонија е речиси 600 евра пониска од таа во Словенија, која предничи меѓу земјите на просторите на поранешна СФРЈ.

Од октомври годинава, според последната одлука на Социјално-економскиот совет на Србија, минималната плата ќе изнесува 58.630 динари, односно приближно 500 евра. Планот е до 2028 година, таа да порасне до 650 евра. Но, и тогаш ќе биде пониска од економски посилните екс-ју држави, а Македонија веројатно и тогаш како и сега ќе биде на дното.

Словенија предничи на поранешниот простор на СФРЈ, со минимална бруто плата од 1.278 евра, која е на сила од од јануари годинава. Нето износот е меѓу 900 – 930 евра, пишува „Нова економија“

Просечната нето-плата во мај во Словенија била 1.592 евра, што е за 5,2 отсто покачување во однос на мај 2024 година. Во Хрватска, исто така од почетокот на годинава, бруто-минималната плата е 970 евра, што е малку повеќе од 750 евра нето. Просечната нето плата, пак се движи помеѓу 1.390 и 1.450 евра.

Во Босна и Херцеговина(БиХ), минималната плата изнесува 1.000 конвертибилни марки, односно 511 евра. Просечната него плата, пак, во април изнесувала 1.545 конвертибилни марки, што е отприлика 790 евра.

Црна Гора во моментов е на исто ниво со Србија, со минимална плата од 450 евра. Просечната нето плата, пак, изнесувале 1.062 евра, според Управата за статистика на Црна Гора.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми