02 Ноември, 2024
0.0314

Најскап и најнеефикасен парламент има БиХ

Објавено во: Балкан 15 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Граѓаните на БиХ издвојуваат над 70.000 евра за усвојување на само еден закон, а парламентот на БиХ не остварил ни петина од планираните активности за оваа година. Тоа е најскапо и воедно најнеефикасно законодавно тело во сите држави од регионот, покажуваат анализите на невладината организација Центри на цивилни иницијативи.

Парламентот на БиХ е најскапо и воедно најнеефикасно тело на законодавната власт во сите држави од регионот, а за да усвои само еден закон, даночните обврзници мораат за тоа да издвојат над 70.000 евра, е оценка која во Сараево ја изнесоа претставници на невладината организација Центри на цивилни иницијативи ЦЦИ, кои веќе со години редовно го анализираат делувањето на извршната и законодавната власт на сите нивоа во БиХ.

Анализата која е претставена на новинарите содржи податок дека парламентарците во парламентот на БиХ во текот на првите шест месеци оваа година успеале да усвојат само 12 закони, што не е ни една петтина од планираното за 2013 година.

За споредба послужи примерот од првите шест месеци во претпоследната година од мандатот на минатиот состав на парламентот кога се усвоија 31 закон.

Ако се продолжи да се работи со ова темпо, парламентот на БиХ до крајот на 2013 година нема да успее да реализира ни една третина од законодавните активности од својата овогодишна програма на работа, оценуваат од ЦЦИ.

- И сето тоа со показателот дека една пленарна седница на парламентот граѓаните на БиХ ги чини околу 115.000 конвертибилни марки (58,8 илјади евра), а еден усвоен закон 144.000 конвертибилни марки (73,6 илјади евра) – рече аналитичарот од ЦЦИ Ивица Ќавар.

Ништо подобра оценка од ЦЦИ не заслужи ни Советот на министри на БиХ.

извор Миа

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места