02 Декември, 2024
0.0333

Најскапиот македонски кредит, земен во време на Министерот Славески, замина во историјата

Објавено во: Финансии 08 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Денеска Македонија враќа долг од 175 милиони евра, ја раздолжува Еврообврзницата што ја зема во 2009 та година. Станува збор за сума што Владата пред трипол години ја обезбеди преку задолжување на меѓународниот финансиски пазар. Каматната стапка за Еврообрзницата изнесуваше 9,87%. Вкупно за трите години по основ на камата од буџетот беа исплатени 51,8 милиони евра, а денеска  Македонија треба да врати 183 милиони евра, пари во кои е вклучена и каматата за  последините шест месеци од периодот за отплата.  Ова задолжување се спроведе во кризна година, кога пристапот до свежи пари на пазарите беше отежнат. Токму со ова Владата тогаш ја правдаше високата цена на задолжувањето. Трансакција беше спроведена преку британската банка ХЦБЦ. Парите на сметка на државата легнаа на 8 јули. Тогашниот министер за финасии Трајко Славески тогаш изјави дека на меѓународниот финансиски пазар интересот за македонската Еврообврзница бил голем. “На овој начин Министерството за финансии ефикасно ги обезбеди потребните средства за непречено финансирање на буџетот и продолжување на реализацијата на проектите на Владата“  - изјави тогашниот  министер за финансии Трајко Славески. Обезбедувајќи ги парите, владата тогаш велеше дека дел од нив ќе придонесат за зголемување на девизните резерви и зачувување на стабилноста на денарот. Еврообврзницата, што Македонија ја раздолжува денеска  беше  откупена од инвеститори од Велика Британија , кои учествуваа со 59,9 отсто, од Швајцарија 11,3 отсто, Бразил 8,6 отсто,  а останите беа од Австрија , Данска , Германија па дури од  Грција... Македонија во 2009 та донесе одлука за задолжување откако во првата половина од годината, поради кризата, буџетските приходи покажаа значајно потфрлување. Притисната од потребата да ја обезбеди буџетската конструкција за финаннисрање на тековните трошења, Владата се одлучи на брз начин да дојде до пари. Едната опција беше скапото задолжување со еврообврзница, но во игра беше и поевтино задолжување од ММФ, кое, пак претпоставуваше и условувања за начинот и динамиката за трошење на парите. Бидејќи стануваше збор за сума која заврши за директно буџетско трошење Владата се одлучи за еврообврзница. Владините претставници велеа дека за имиџот на државата е подобро задолжување со евробврзница, оти ја покажува моќта на државата да одговори на сите предизвици, но експертите коментираа дека не смее да се исклучи ММФ, бидејќи скапите пари ја влечат државата кон магичен круг на должнички безизлез. Со задолжувањето во 2009 та, јавниот долг тогаш порасна за речиси 3% од Бруто Домашниот Производ. Првата Еврообрзница Македонија ја издаде во 2005 та година, во мандат на СДСМ, кога министер за финасии беше Никола Поповски.  Вредноста  на ова задолжвање изнесуваше 150  милиони евра, а каматата, која сеуште се плаќа изнесува 4,62%. Со кои должнички позиции почнува  2013 та ? Според последните податоци на Министерството за финасии, долгот на Централната влада во ноември изнесува 30,7% од Бруто Домашниот Производ, и во однос на месеците претходно се забележува тренд на континуиран пораст. Во исто време и Народната Банка објави дека расте и надворешната задолженост на земјата. Надворешниот долг надмина 5 милијарди евра и заклучно со октомври 2012 та тој изнесува 5,07 милијарди евра. Од оваа сума речиси 1,6 милијарди евра кон странство должи само државата. Споредбената анализа покажува дека позначајно зголемување на долговите кон странство има кај државата и кај монетарната власт. Надворешната задолженост само на државата во септември во однос на месецот претходно пораснала за 108 милиони евра.
  • Бруто надворешен долг
  • држава                              1,6 милијарди евра
  • монетарна власт       344,5 милиони евра
  • банкарски сектор      565,2 милиони евра
  • приватен сектор             1,6 милијарди евра
Според проекциите на Буџетот за годинава, само по основ на камати за земени кредити од странство, но и за задолжувањата на домашен пазар, годинава државата треба да врати 66,7 милиони евра. Тоа во однос на лани претставува зголемување од седум милиони евра само по основ на камати. На истекот од 2012 та, без присуство на опозицијата, владеачкото мнозинство во скратена постапка го усвои Законот за задолжување на Македонија кај Дојче Банк, зад кој како гаранција стои Свестката Банка. Токму овој кредит од 250 милиони евра и одлуката на власта за натамошно задолжување ја прелеа чашата кај опозицијата  и беше иницијална каписла за бруталните собраниски сцени од 24 ти декември. Новото кредитно задолжување е со рок на отплата од седум години а долгот ќе се враќа на две рати. Првата рата  во вредност од 95 милиони евра ќе доспее по 5 гоидни а втората рата  од 155 милиони евра ќе треба да се исплати по истекот на седумте години. А.Д.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!