Најстудено во Берово, најтопло во Дојран
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2017 09:15
Во Берово утрово се измерени -10 степени, по што следуваат Тетово со -9, Крива Паланка и Маврово -8, Струмица -7, Пожаране, Скопје, Куманово, Дебар и Штип -6, Ѓуриште, Лазарополе и Скопје Петровец -5, Виница, Крушево и Демир Капија -4, Битола и Тополчани -3 и Прилеп -2.
Нула степени утринава се измерени во Охрид, Претор и Гевгелија, а еден степен во Дојран.
Во текот на денот ќе имаме повремени врнежи од снег, а во југоисточните делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во јужните делови на Македонија врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините за пет до 10 сантиметри. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.
Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервал од -2 до 4 степени , а во Полошката котлина до околу -4 степени.
Снежната покривка е највисока во Маврово 71 сантиметар, Лазарополе 51, Пожаране 49, Ѓуриште 44, Крушево 33, Тетово 30, Битола 27, Берово 25, Скопје Петровец 20, Скопје и Демир Капија 18, Тополчани 13, Крива Паланка и Струмица 10, Дебар и Штип 7 и во Прилеп 3 сантиметри.
Снегот и студот продолжуваат во Македонија.Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




