18 Декември, 2024
0.0260

НАЈУСПЕШНИ, НАЈМОЌНИ, НАЈТРАНСПАРЕНТНИ - еве кој ги доби годишните награди на Македонската берза за 2024 година

Објавено во: Финансии 17 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Вчера се одржа церемонија на доделување на Годишни награди на Македонска берза за 2024 година за котираните компании, членките на Берзата и други субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.

Четврта година по ред, Македонска берза доделува годишни награди во повеќе категории, при што дел од наградените добитници се одредуваат врз основа на квантитативни податоци, како што се берзанскиот промет, цените, истргуваната количина на ХВ и бројот на трансакции. За овие награди пресекот согласно усвоената Методологија за доделување на наградите од страна на Одборот на директори на Берзата се прави вториот петок во декември. За останатиот дел од наградите одлучуваа специјални комисии составени од пазарни учесници, експерти и претставници на медиумите, а за наградата „Акција на годината“ пошироката инвестициска јавност преку анкета на сајтот на Берзата и Интернет порталот Фактор. Оваа година остваривме нова соработка со Американската стопанска комора во Северна Македонија со која заедно доделивме неколку признанија за добри ESG практики.

Настанот со обраќање пред присутните го отвори Главниот извршен директор на Македонска берза, г-дин Иван Штериев.

Годинава на настанот беа доделени 12 награди во различни категории и 7 признанија.

Добитници на Годишните награди на Македонска берза за 2024 година се:

1.  Категорија „Акција со најголем промет во 2024 година“

·  Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е Комерцијална банка АД Скопје, aво име на банката наградата ја прими Маја Стевкова Штериева, Главен Финансов директор.

·  Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е Стопанска банка АД Битола, аАлександра Радевска, Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола ја прими оваа награда.

2.  Категорија „Акција со најголем пораст на цената во 2024 година“

·  Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони евра пазарна капитализација добитник еКомерцијална банка АД Скопје, а Маја Стевкова Штериева, Главен Финансов директор, во име на Комерцијална банка АД Скопје ја прими оваа награда.

·  Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е ТТК Банка АД Скопје, а во име на друштвото наградата ја прими Жарко Митревски, Директор на Дирекција за средства и ликвидност на ТТК Банка АД Скопје.

3.  Категорија „Акција со најголем пораст на прометот во 2024 година“

·  Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна евра капитализација добитник е ОКТА АД Скопје, аДимитриос Пасхос, Главен извршен директор ја прими наградата во име на ОКТА.

·  Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна евра капитализација добитник е Стопанска банка АД Битола, аАлександра Радевска, Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола ја прими оваа награда.

4.  Категоријата „Членка на годината за 2024 година“

·  Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции од редовно тргување со акции – добитник еЕурохаус АД Скопје, аСтефан Степаноски,директор на членката ја прими наградата.

·  Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции со обврзници – добитник е Комерцијална банка АД Скопје, а Михајло Брова Зиков, Директор на дирекција за тргување со хартии од вредност на членката ја прими наградата.

5.  Категорија „Најтранспарентно котирано акцинерско друштво за 2024 година“- по избор на пазарни учесницидобитник е Алкалоид АД Скопје.

Комисијата на пазарните учесници ја сочинуваа Лидија Трајковиќ и Филип Петрушевски, како претставници на членките на Берзата, Лазе Камчев и Сашо Дракуловски, како претставници на инвестициските фондови и Маријан Николовски, како претставник на пензиските фондови.

6.  Категорија „Најтранспарентно котирано акцинерско друштво за 2024 година“ - по избор на медиумидобитник е Алкалоид АД Скопје. Наградата во двете категории ја прими Живко Мукаетов, Генерален директор на Алкалоид АД Скопје.

Комисијата за избор составена од новинарите ја сочинуваа Петре Димитров, главен и одговорен уредник на порталот emagazin.mk, Весна Миќиќ Божиновска, новинар, Нина Нинеска Фиданоска, главен и одговорен уредник на порталот faktor.mk, Наташа Мерсовска, новинар во телевизијата Сител и Горан Теменугов, новинар.

7.  Во категоријата „Акција на годината за 2024 година по избор на јавноста“добитник е Алкалоид АД Скопје. Наградата „Акцијата на годината по избор на јавноста“ се доделува на котирано акционерско друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се вршеше паралелно на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“.

8.  Категорија „Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“ - добитник е Европската банка за обнова и развој. Имено, според мислење на Комисијата , ЕБРД веќе подолго време е најзначаен институционален поддржувач на Берзата (воспоставување на Тренинг Центарот на Берзата, поддршка на СЕЕ ЛИНК, новиот Кодекс за корпоративно управување, Водичот за ЕСГ известување итн.), а токму оваа година успешно се заврши проектот за изготвување на среднорочна развојна стратегија на Македонска берза АД Скопје и се отпочна со сличен проект во ЦДХВ АД Скопје, каде Берзата е најголем поединечен акционер.За доделување на оваа награда беше формирана Комисија во следниов состав: Тони Стојаноски, претставник од Одбор на директори на Македонска берза, Иван Штериев, претставник од стручната служба на Берзата, Ленче Тагасовска, претставник на регулаторните институции, Горан Марковски, претставник од пазарните учесници, Јелисавета Георгиева-Јовевска, претставник на корпоративниот сектор, Сашо Арсов, претставник од високообразовна институција и Драган Давитков, претставник од редот на експерти во областа на финансии.

9.  Со цел истакнување на добри практики кај котираните друштва, Македонска берза доделува Признание на Реплек АД Скопје за реализиранo корпоративно дејство - поделба на акциите во 2024 година. Признанието во име на компанијата го прими Генералниот директор на Реплек, Душан Пецовски.

10.  За прв пат годинава, Македонска берза во соработка со Американската стопанска комора во Северна Македонија доделиПризнанија за добри ESG практики. Селекцијата и изборот на компаниите беа извршени со вкрстување на направените анализи во текот на годината во овој домен и од двете институции, според различни критериуми. Признанијата се доделија на 2 котирани со доминантно домашен капитал, 2 котирани со доминантен странски капитал и 2 некотирани друштва. Признанија за добри ESG практики во 2024 година добија:

·  Алкалоид АД Скопје

·  Комерцијална Банка АД Скопје

·  Либерти АД Скопје

·  НЛБ Банка АД Скопје

·  Гентерм Северна Македонија

·  ПроКредит Банка АД Скопје

Годишните награди на Берзата ги доделија Тони Стојановски, Претседател на Одборот на директори на Берзата, Горан Анастасовски,член на Одбор на директори на Македонска берза,Славчо Филипчев, член на Одбор на директори на Македонска берза, Лазе Камчев, Главен извршен директор на НЛБ Фондови (претставник на Комисијата на пазарни учесници), Весна Миќиќ Божиновска, новинар (претставник на Комисијата на медиуми), Нина Нинеска Фиданоска, главен и одговорен уредник на порталот faktor.mk, Драган Давитков, Директор, PwC Северна Македонија, Јелена Арсовска, Извршен директор на Американската стопанска комора во Македонија, Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берзаи Каролина Каровска Божиноска, Директор на Сектор за развој, промоција и односи со јавност во Берзата.

Честитки до сите добитници на годишните награди и доделените признанија. Се надеваме дека наградите ќе послужат како мотив не само за наградените туку и за сите други во новата берзанска 2025 година да бидат уште подобри и поуспешни. 

Линк до галерија од настанот: https://flic.kr/s/aHBqjBVmmf

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОД ЛИДЛ ДО КОКА-КОЛА: Кој најдобро ќе заработи за Божиќ?

ОД ЛИДЛ ДО КОКА-КОЛА: Кој најдобро ќе заработи за Божиќ?

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ НЕМААТ ПАРИ - во акции на Комерцијална банка вложија 5 милиони евра, а 4 платија за „Алкалоид“

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ НЕМААТ ПАРИ - во акции на Комерцијална банка вложија 5 милиони евра, а 4 платија за „Алкалоид“

НОВОГОДИШНА ПРОСЛАВА ЗА „САМО“ 550 ЕВРА! Еве колку чини луксузот наречен Нова година во Белград

НОВОГОДИШНА ПРОСЛАВА ЗА „САМО“ 550 ЕВРА! Еве колку чини луксузот наречен Нова година во Белград

КОЈА ЗЕМЈА ЛЕЖИ НА ЗЛАТО, СРЕБРО И БАКАР? Има 1,7 милијарди тони руда од ова богатство

КОЈА ЗЕМЈА ЛЕЖИ НА ЗЛАТО, СРЕБРО И БАКАР? Има 1,7 милијарди тони руда од ова богатство

ЗАКОНОТ ЗА ВТОРАТА ТРАНША ЗАЕМ ОД УНГАРИЈА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ – условите се слични, изгледа како да ни се брза за парите

ЗАКОНОТ ЗА ВТОРАТА ТРАНША ЗАЕМ ОД УНГАРИЈА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ – условите се слични, изгледа како да ни се брза за парите

ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И БАНКИ УБАВО ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ - ја кредитираа државата со 60 милиони евра, ќе наплатат камата од 3,9 отсто

ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И БАНКИ УБАВО ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ - ја кредитираа државата со 60 милиони евра, ќе наплатат камата од 3,9 отсто

ОВИЕ ПЕТ ЛУЃЕ СЕ ДОБАР ИЗБОР ДА БИДАТ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР - еве какви одлуки ќе носи Собранието на акционери на ТТК банка

ОВИЕ ПЕТ ЛУЃЕ СЕ ДОБАР ИЗБОР ДА БИДАТ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР - еве какви одлуки ќе носи Собранието на акционери на ТТК банка

ПОЧНУВА СКИ СЕЗОНАТА НА ШАПКА: Денес ќе се скија бесплатно, а еве ги цените што ќе важат од сабота

ПОЧНУВА СКИ СЕЗОНАТА НА ШАПКА: Денес ќе се скија бесплатно, а еве ги цените што ќе важат од сабота

ГРАД СКОПЈЕ И ГАЗИ БАБА СЕ РЕКОРДЕРИ ВО ПЛАЌАЊЕ АДВОКАТИ: Сите општини заедно со градот, потрошиле неверојатни 1,1 милион евра за адвокатски услуги

ГРАД СКОПЈЕ И ГАЗИ БАБА СЕ РЕКОРДЕРИ ВО ПЛАЌАЊЕ АДВОКАТИ: Сите општини заедно со градот, потрошиле неверојатни 1,1 милион евра за адвокатски услуги