15 Декември, 2025
0.0572

Најверојатно ќе треба да се замени и новата метална конструкција на Универзална сала

Објавено во: Македонија 12 Април, 2024 12:28

Добивај вести на Viber

Надзорниците на изградбата на Универзална сала, објект којшто во вторникот пламна во пожар предизвикан од засега непознати причини, по денешниот брифинг со медиумите рекоа дека е можно да има потреба од промена и на новата метална конструкција којашто како единствена „го преживеа“ инцидентот.

- Ќе има веројатно вештачење и ќе треба да се испита новата конструкција,тоа ќе го прават институти и треба да се покаже дали егзистенцијата на материјалот не е нарушена. Ако не е, тогаш ќе продолжи со работа. Доколку е спротивното  нарушеното ќе се демонтира и ќе се прави нова конструкција, рече еден од надзорниците.

Од таму рекоа дека сега ќе треба да се направи и нов елаборат за тоа како да се извади стопениот челик, наместо да се демонтира како што било претходно предвидено.Тие рекоа дека од старата градба немало вредни предмети кои би изгореле во пожарот, бидејќи се што вредело било однесено во музеј. Засега записникот од МВР сеуште го немаат.

Увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар.

-Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај, рекоа од Обвинителството.


Можеби ќе ве интересира

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти