05 Декември, 2025
0.0973

Највисок јавен долг во последните 12 години – стаса до 40,8 % од БДП!

Објавено во: Финансии 30 Август, 2014 12:53

Добивај вести на Viber

Јавниот долг на централната Влада достигна 40, 8 проценти од БДП. Министерството за финанси ги објави последните јулски податоци за состојбата на долгот, кои покажуваат дека долгот на централна Влада изнесува 3 милијарди 303 милиони евра. Раст има и во внатрешните и во надворешните задолжувања. Во компарација со вториот квартал, во месецот јули надворешниот долг е зголемен за 505 милиони евра, односно за издадената еврообврзница. Внатрешпниот долг има мал пораст од 6 милиони евра. Инаку ММФ неодамна пресмета дека вкупниот јавен долг на Македонија изнесува 44,8% од БДП. Сепак, во оваа пресметка не влегува најновото задолжување на државата со половина милијарда евра преку еврообврзница. Доколку се додадат и овие пари, долгот на државата, во кој освен долгот на Владата влегуваат и долговите на Народната банка, Македонската банка за обнова и развој, општините и нефинансиските претпријатија, надминува 51% од БДП или над четири милијарди евра, покажаа податоците на ММФ. Власта и опозицијата минатиот месец жестоко се судрија за и околу висината на јавниот долг. „Ги повикуваме Ставрески и Груевски да не манипулираат туку да им соопштат на граѓаните во Македонија колку е сериозна ситуацијата со задолженоста на државата“ изјавија од СДСМ. Според владејачката партија, пак, парите се позајмуваат за инфраструктурни проекти. „Велите многу сме се задолжувале, но не кажувате за што. Земавме 505 милиони долари за изградба на автопатот  Кичево – Охрид, земавме 278 милиони евра за изградба на автопатот Миладиновци – Штип, земавме 220 милиони евра за автопатот Демир Капија – Смоквица, земавме 160 милиони евра за рехабилитација на патишта, земавме 50 милиони евра за локални патишта, земавме средства за рехабилитација и на државните патишта“, стоеше во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката