20 Декември, 2025
0.0829

Најзадолжена во светот е Јапонија- половина Европа ја следи во чекор

Објавено во: Свет 17 Април, 2013 15:18

Добивај вести на Viber

Најзадолжена економија во светот е Јапонија, иако е една од  водечките светски сили, покажува Глобалниот часовник за јавен долг на магазинот „Економист“. Вкупниот долг на овој „азиски змеј“ е 12.533.374.043.716 долари или 24 отсто од јавниот долг на целата Земјина топка, кој во 14,17 часот беше на ниво од 50.435.089.664.709 долари, бројка која од секунда во секунда постојано расте. Земјите обоени во црвено, благодарение на нивната презадолженост, се и Канада, Бразил, Кина, Индија и САД. Жителите во овие земји мака мачат со презадолженоста на нивните влади. Па така, еден жител на Канада е должен околу 44.000 долари, Американецот 38.111 долари, Британецот 36.200 долари. Ниту стариот континент не заборава да ја покаже својата доминација во презадолженост, па така според Глобалниот часовник на јавен долг, за Грција отчукува просечен долг по глава жител од 34.327 долари. Германија, Франција, Шпанија и Италија исто така се земји пар екселанс за презадолженост. Просечно, секој Германец носи бреме од јавен долг во висина од 34.222 долари, неговиот сосед Французинот 36.939 долари. Шпанија успеала да „набилда“ долг од 2.430.474.863.388 долари или просечно секој жител на оваа земја должи над 40.000 долари. Македонија во овој момент е задолжена за 2,7 милијарди долари или 26,3 отсто од Бруто домашниот производ што од прилика изнесува 9,8 милијарди долари. Во 2012 година долгот изнесуваше 27,8 отсто од БДП, или 1,5 отсто повеќе од годинава. Нашата земја спаѓа во категоријата на најниско задолжени земји и е најмалку задолжена во споредба со земјите од регионот.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот