Добивај вести на Viber
Прометот на роба во пристаништата во Cрбија, во 2012 година, опаднал за 17% во однос на претходната година, информира Б92. Низ пристаништата поминала 6,63 милиони тони роба, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика.
Притоа, внатрешниот промет е намален за пет отсто, додека прометот од странство е зголемен за 16,1 отсто. Количината на роба во извозот е зголемена за 78,3 отсто, а во увозот е намалена за 28 отсто.
Вкупно е извезено 3,28 милиони тони роба. Превозот со домашните бродови е зголемен за 82,7%, а со странските за 77,9%.
Истовремено, минатата година, преку домашните пристаништа е увезено 1,85 милиони тони роба, а превезените количини се зголемени за по 28% ина странските и на домашните бродови.
Бродовите минатата година превезле вкупно 4,33 милиони тони роба во транзит, или за 30% повеќе, при што домашните бродови пренеле само 47.000 тони, што сепак претставува зголемување од 292 отсто во однос на претходната година.