05 Декември, 2025
0.0579

Намалени државните резерви – дали парите отишле за изборни трошења?

Објавено во: Финансии 09 Април, 2014 10:18

Добивај вести на Viber

За еден месец, од февруари до март, државните резерви се намалиле за 46 милиони евра. Според последните податоци на Народната банка, државните резерви во март изнесувале 1.942.200.000 евра, а споредено со последниот квартал од минатата година, резервите во првите три месеци од годинава се намалиле за 52 милиони евра. Од централната банка, ваквото топење на државните резерви го објаснуваат со „сезонски фактори“, без точно да појаснат за какви фактори станува збор. Велат дека намалувањето е целосно во согласност со проекциите на НБРМ, Намалувањето на девизните резерви во најголем дел се должи на намалувањето на девизните резерви во валути и депозити. Тие на крајот на 2013 изнесувале 171,7 милиони евра, а на крајот на март годинава само 121,5 милиони евра. Има пад и кај износот на хартии од вредност - од 1,627 милијарди евра на крајот на минатата година на 1,610 милијарди евра на крајот на првиот квартал годинава. За опозицијата, ваквиот пад е резултат на предизборните трошења. „Многу јасно е дека за да ги покрие своите огроми предизборни буџетски трошења власта зафатила и од девизните резерви. За помалку од 3 месеци,од предизборниот извештај се гледа дека дефицитот достигнал колку цела 2012 или 2011 година.За да се изреализира толкаво трошење во период кога нема приливи од фирмите,очигледно покрај редовното создавање долгови е зафатено во резервите“, вели Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ. Во март се намалила и вредноста на монетарното злато во државните резерви - на крајот на март тоа вредело 205,2 милиони евра, а месец претходно - 212,1 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката