Намалување на бројот на работниците во индустријата за 1,7 отсто регистрираше ДЗС

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2022 12:10
Бројот на работниците во индустријата има намалување од 1,7 отсто во месец мај 2022 година, во спроедба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.
- Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи опаѓање од 2,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 1,7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,2 отсто. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1 процент, Капитални производи за 2 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 проценти - се наведува во соопштението на ДЗС.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2022 година, во однос на периодот
јануари – мај 2021 година е намален за два проценти.
Можеби ќе ве интересира
САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРЕСВРТ – АМЕРИКАНСКИ БРЕНД СЕ ВРАЌА НА ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИЦИ: Производот ќе се појави на пазарите во Франција, Германија, Италија, Белгија и Полска

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот
ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?
