20 Мај, 2024
0.0275

Намалувањето на цените на лековите е наш проект, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 30 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на  СДСМ за намалувањето на
здравствените трошоците за граѓаните.

„Во недостаток на идеи СДСМ продолжува да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Намалувањето на цените на лековите е проект на ВМРО-ДПМНЕ, не на СДСМ. СДСМ само парцијално го спроведува проектот на ВМРО-ДПМНЕ“, реагираат од партијата.

„Мерката за намалување на цената на лековите е почната во 2012 година. Истата се спроведуваше два пати годишно и со неа беа опфатени над 4.800 лекови, кај кои цените и повеќе пати се намалувани. Заштедата во џебот на граѓаните со оваа мерка изнесува над 33 милиони евра. СДСМ наместо во целост да го продолжи овој успешен проект, кој донесе заштеди кај граѓаните, тие нудат парцијални решенија. Доколку СДСМ навистина работи во интерес на граѓаните, намалувањето ќе го прави два пати годишно, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, а не еднаш, кои го спроведуваат од популистички причини“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата додаваат дека граѓаните ја гледаат безидејноста и неспособноста на власта.

„СДСМ ветуваше итни и интервентни мерки во здравството во првите шест месеци од преземањето на власта, како бесплатно болничко лекување и покачување на платите на лекарите и медицинските работници за 15%. СДСМ излажа. СДСМ не направи ништо за здравството. Бесплатно болничко лекување нема. Платите на лекарите и медицинскиот персонал не само што не се покачени, туку во одредени здравствени установи беа исплатени и помали плати. СДСМ го уништува македонското здравство. СДСМ ги лишува граѓаните од квалитетна целосна здравствена заштита. Наместо функционално здравство добивме здравство на апарати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје