21 Јануари, 2025
0.0280

Нано Ружин: Груевски ја исече гранката на која долго седеше

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Нано Ружин: Груевски ја исече гранката на која долго седеше и манипулираше со сите кои му веруваа

Македонија во овој миг доживува сериозна политичка криза која не е од меѓуетничка природа туку од меѓупартиска идеолошка природа.  Судирот на ДПМНЕ со странските амбасадори, и покрај длабочината на овој дипломатски имброглио, сепак не ја доведува стабилноста на Македoнија под знак на прашање- вели за Фактор, Нано Ружин, поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО.

Вообичаено е според него  секој изборен циклус да се смета за еден вид политички ризик и минимум дестабилизација на државата, заради бројни интерни и екстерни фактори. Особено таквата констатација како што вели е елементарна за државите со кревка демократија, тешка транзиција, социјална беда, мултиетничка и хетерогена заедница.

“Проблемот меѓу опозицијата и власта е во фактот што сеуште владеачката ДПМНЕ е загушена во длабокли криминални досиеа кои настојува да ги испегла преку агресивноста кон политичките противници и национализмот. Заканата со улицата не е аргументирана со ниту една издржана теза. Конечно за што би протестирало членството на ДПМНЕ? Дали против изборниот пораз, направените криминали и желбата за аболиција, мешањето на надворешниот фактор. Едноставно во такви услови партијата која 11 години е на власт очајно настојува да ги задржи владеачките позиции и при тоа покажува непотребна агресивност и се навраќа кон позициите од 2001г”-потенцира  Ружин.

Прогласот на ДПМНЕ и Груевски според него  би создал тешки компликации доколку Груевски е следниот мандатор. Во тој случај вели очекувано е меѓународната заедница да  му наметне неколку поучни лекции од изолирање до дирекни санкции.

“Впрочем веќе сестринските партии му ја блокираа натамошната соработка на големите состаноци на десничарските партии на Европа. Овој проглас повеке ќе и штети на ДПМНЕ и таа ќе мора да го менува раководството бидејки со покажаните агресивни и потценувачки кон амабасадорите но и кон напорите на ЕУ и САД за надминување на кризата, Груевски го поништи Договорот од Пржино”-додавапоранешниот амбасадор на Македонија во НАТО.

Научените лекции за време на локалните избори во општина Центар,како што вели,  покажаа до која мерка партијата на Груевски е подготвена да оди за да победи: од исклучување на лифтови во висококатниците, до фалсификувано лични карти и патувачки гласачи од државата и од Пустец,фантомски гласачи до отварање на црните кеси и исфрлање на избирачкиоот материјал како и злоупотребата  на ДИК и Управниот суд во 2013 година.  

“Изборните манипулации не се должат толку на стравот колку на уиграната машина на ДПМНЕ да лажира, фалсификува,манипулира со избирачите. Клиентелизмот, заканите и стравот се исто така битни елементи  на изборната игра на ДПМНЕ но пред се и долгогодишната поставеност на партијата која и во оваа сфера покажа криминален табиет. За оваа партија изгледа не е најзначајно геслото на партиско убедување и привлекување на гласачот за да го даде неговиот глас, туку исилувањето, уцената, фалсификатот, корумпирањето или физичкото оневозможување на опозиционо расположените граѓани да гласаат” – нагласува Нано Ружин.

Тешката партизација и сраснувањето на партијата со власта според  универзитетскиот професор и даваше големи предности на  владејачката партија во користењето на државните средства и ресурси за изборни цели. Овој пат  вели таквата предност беше  редуцирана, но сепак некои од нив се манифестираа. Затоа верува дека со опозиционата коалициона власт, евентуалните нови предвремени парламентарни избори  следната пролет може да  ги исчистат неправилностите.

“Во суштина Груевски охрабрен од Виктор Орбан и Качински настојува да се прикаже како евроскептик кој е заинтересиран исклучиво за успешна и прогресивна Македонија.Тоа би било во ред доколку зад себе не ги влече бројните криминални и антидемократски досиеа, партизираното судство, организираниот криминал”- објаснува Ружин.

Македонија како што вели  има обврски кон ЕУ во поглед на реализацијата на Договорот од Пржино, кој според него не е една проста математика туку серија обврски на краткорочен и долгорочен план. Владеењето на правото, овозможување слободно дејствување на СЈО, создавање специјално судско оделение, битката против организираниот криминал и корупцијата, демократизација во сите домени, расчистување со клиентелизмот на малите средните и големите претпријатија, слободно и критичко новинарство, приближување кон ЕУ и НАТО, разбивање на партиско-државната симбиоза- ова се додава, само дел од краткорочните ефекти на новото парламентарно мнозинство.

“Секако како најбитно останува прашањето со името но и неколку бројни економски теми. Доколку Заев и партнерите успеат да решат половина од овие прашања, РМ ќе може повторно да се вброи во редот на надежни земји на Западен Балкан. Јавното мислење со право очекува да се отпочне со аргументите кои беа изнесени во прислушуваните материјали и криминалот. Навистина оваа 2017 ке биде долга, тешка, интензивна и интересна политичка година. Убеден сум дека меѓународната заедница  ќе и даде целосна подршка на новата екипа на чело со Зоран Заев”  -порачува поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО.  


Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ШТО ОБЕДИНУВА: Таравари со видео на фејсбук од инаугурацијата на Трамп

ПРОСЛАВА ШТО ОБЕДИНУВА: Таравари со видео на фејсбук од инаугурацијата на Трамп

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници