24 Јануари, 2025
0.0287

Напади на новинари, етнички тепачки, искршени штабови

Објавено во: Македонија 01 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Претепани новинари, искршени штабови на опозицијата, тепачки од етнички причини меѓу млади лица. Сето ова се случува само еден ден по интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во кое тој го повика народот да ја одбрани унитарноста на државата, што според него е загрозена со можната коалиција на Соццијалдемократите со ДУИ и останатите партии од албанскиот политички блок.

На протестот организиран од грааѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“, беа нападнати и претепани новиинарот Александар Тодевски и снимателот Владимир Желчевски од порталот А1он.  Инцидентот се случил на крај на протестот. Напаѓачите почнале да бегаат веднаш откако од зад грб ги удриле новинарот и снимателот, но дел од присутните фоторепортери успеале да ги сликаат напаѓачите.

Со возило на брза помош, Тодевски и Желчевски беа пренесени во Ургентнииот центар, каде им беа констатирани повредите. Еден од повредените имал и благ потрес на мозок. Иако, повредите не беа сериозни, сепак докторите препорачаа ноќта да ја минат во болница.

Во Ургентиот центар се појави и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кој посочи дека веќе денес ќе има средба со министерот за внатрешни работи Нухиу.

„Ги повикувам сите одговорни да го запрат  ова лудило. Тогаш кога вицепремиер физички напаѓаше новинар во Скопје, предупредивме дека нивното неодговорно однесувањее може да биде пример за останатите граѓани. За жал сега тоа и се случи, изјави Насер Селмани.

Според информациите дел од напаѓачите се приведени, а Селмани, посочи дека ќе се бара најстрога казна за оние кои брутално претепаа новинар и снимател.

Ова е напад врз новинарството реагираа Самостојниотт синдикат на новинари на Македонија.

„Синдикатот бара полицијата во најкраток можен рок да ги пронајде напаѓачите и да го расчисти инцидентот, бидејќи ова не е прв пат да се претепуваат новинари и она што најмногу загрижува е што најчесто напаѓачите остануваат неказнети. Дополнително, овој инцидент е резултат неодговорните политичари и нивните приврзаници чиј говор на омраза преку медиумите и социјалните мрежи токму на ваков начин се сели на улицитe“, реагираа од ССНМ.

Нападот го осудија и од СДСМ, од каде повикаа граѓаните да не влегуваат во насилните сценарија, и да останат на браникот на мирните демократски процеси.

„ Бараме од Никола Груевски и од криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престанат, за спас на сопствената кожа, да провоцираат и поттикнуваат нецивилизирано дивеење кое што вечерва кулминира со тешки телесни повреди на медиумски работници.Повиците за линчови, говорот на омраза, нарачаните инциденти во кои има каменувања и кршење објекти, обидите за вознемирувања на семејства во домови мора веднаш да запрат“, реагираа од СДСМ.

Нападот го осудија и од ВМРО –ДПМНЕ и повикуваат надлжните да ги санкционираат подинците кои го прдиззвикале овој инцидент.

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на екипата на интернет порталот а1он. вмро-дпмне принципиелно, како и досега, смета дека е крајно недемократски и непримерно да се напаѓаат медиуми и екипи поради нивното известување за настани и случувања“, се вели во нивното соопштение.

Во текот на вчерашниот ден, нападот на новинарите не беше единствен инцидент. Доцна попладнето, група млади лица, се степале а инциденттот според сознанијата имал етничка позадина. Во овој инцидент повреден е и син на градоначлник на една општина од Скопје. Претходниот ден пак беа искршени штабови на СДСМ низ повеќе локации, а на членовите и функционерите на СДСМ и беа оставни графити со навредувачки содржини пред нивните домови. 

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато