17 Септември, 2024
0.0259

НАПАДИ ВО ГЕРМАНИЈА: Дали ова им предизвикува страв на Македонците кои таму се преселија или привремено се на работа?

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Изминатиов период имаше неколку напади на различни места во Германија, а со оглед на фактот дека голем број Македонци живеат и работат во оваа европска држава, ги прашавме дали тоа им влева страв и паника, дали размислуваат за безбедноста.

Дел од нашинците во Германија не сакаат да коментираат, велат немаат мислење на темата, затоа што во нивното место на живеење не се случил терористички напад.

„Немам конкретен одговор, ние не сме почувствувале ништо такво“, вели Македонка која живее во Германија.

Ивана Танев која веќе неколку години е во Германија, објаснува дека при преселување во странство, треба да се земат во обзир сите предности и негативни страни. Вели дека Германија стана многу барана дестинација за поединци кои сакаат нови перспективи и хоризонти. Но, како што наведува, кога се преселувате во Германија, треба да земете предвид неколку важни работи. Додава дека Германија може да се пофали со огромен број на културни, историски и природни атракции.

„Живеам во Германија околу 5 години. За ова време во странство, забележав разлики што постојат меѓу нациите. Сепак, дојдов до едноставен заклучок дека ниту една дестинација не е „совршена“. Кога станува збор за тоа, сите општества имаат што да научат едни од други. Луѓето имаат различни приоритети и очекувања за тоа каков сакаат да им биде животот во странство. Многу луѓе размислуваат за животот во туѓа земја. Имајќи ги на ум тие мисли, еве ги предностите и минусите што ги сретнав во Германија. Влажното време и облачното небо може да ја направат Германија да се чувствува мрачно - особено во зимските месеци. Трошоците за храна во Германија се донекаде разумни. Бидејќи земјата има различни синџири за намирници за избор, цените на храната се конкурентни. Германските патишта исто така се разликуваат од поголемиот дел од Европа. Недостатокот на патарини овозможува понепречено возење. Трошоците за домување може да бидат многу високи во Германија, особено во големите градови како што се  Франкфурт, Минхен, Берлин и многу други. Бензинот, електрониката и автомобилите се поскапи во Германија отколку во САД ( мое лично мислење и став). Кога би  морала да зборувам за безбедноста во Германија, за жал, од џебни кражби до тероризам, Германија започнува да не е имуна на криминал и други безбедносни прашања стануваат сè повеќебројни. Според едно неодамнешно истражување, имигрантите и екстремните групи сè повеќе предизвикуваат страв кај граѓаните. Безбедноста не е сè, но без безбедност сè е ништо: Ако оваа изрека е вистина, тогаш веројатно работите се во лоша состојба за Германија во моментов. Луѓето се чувствуваат сè повеќе загрозени, особено од постојаното високо ниво на миграција и екстремни групи, како и од војните во Украина и на Блискиот Исток“, вели Танев.

Иселени во Германија имаме од сите делови на Македонија.

„Едно лице од мојата фамилија е во Германија, се слушаме редовно, ама на таа тема не коментираат, нема паника. Во тој град каде живеат не се случил напад, досега не се случувале непријатности. Таа тема околу безбедноста не ја дискутираат“, додава Даниела П. од источна Македонија.

Сириец (27) осомничен за радикални исламистички ставови е уапсен бидејќи сакал да убие германски војници со мачети во баварскиот град Хоф, соопшти Oбвинителството викендов.

Албанец вооружен со мачета сакал да убие полицајци во полициска станица во западна Германија, соопшти обвинителството на 6 септември. Албанскиот државјанин (29) околу 02.40 часот по полноќ пристигнал во полициската станица во гратчето Линц на Рајна, меѓу Кобленц и Бон.

Полицијата во градот Бон на почетокот на месецов застрелала маж кој претходно со нож повредил две лица.

Жена со нож тешко рани најмалку шестмина во Германија на 31 август.  Нападот се случи во автобус во Зиген. Една седмица претходно се случи напад со нож во градот Солинген, исто така во западна Германија, кога напаѓач уби три, а повреди осум лица. Нападот го изврши 26-годишен Сириец.

Сања Атанасовска

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

Рускоска: Новото одделение во Јавното обвинителство нема логика

Рускоска: Новото одделение во Јавното обвинителство нема логика

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

АЛБАНЦИТЕ И КОСОВЦИТЕ НАЈМНОГУ ОД СИТЕ БАЛКАНЦИ БАРААТ АЗИЛ ВО ЕВРОПА - од граѓани на Македонија се поднесени 1.872 барања за шест месеци

АЛБАНЦИТЕ И КОСОВЦИТЕ НАЈМНОГУ ОД СИТЕ БАЛКАНЦИ БАРААТ АЗИЛ ВО ЕВРОПА - од граѓани на Македонија се поднесени 1.872 барања за шест месеци

Клан Македонија: Наим Рамука разрешен по инцидентот со Африм Гаши

Клан Македонија: Наим Рамука разрешен по инцидентот со Африм Гаши

НАЈГОЛЕМ БРОЈ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД ИМА ВО СКОПЈЕ: Еве каква е состојбата

НАЈГОЛЕМ БРОЈ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД ИМА ВО СКОПЈЕ: Еве каква е состојбата

Поранешната министерка Шахпаска отвора ординација по интерна медицина

Поранешната министерка Шахпаска отвора ординација по интерна медицина

ПРАВОТО НЕ Е НА НАША СТРАНА ВО ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА! Еве што мисли професорот Тони Дескоски

ПРАВОТО НЕ Е НА НАША СТРАНА ВО ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА! Еве што мисли професорот Тони Дескоски

„БУГАРИЈА МОЖЕ ДА КАЖЕ ДЕКА БЕШЕ ГРЕШКА И ДА СЕ ИЗВИНИ“: „Не би сакал да се разочарам од соседот“, вели Муцунски

„БУГАРИЈА МОЖЕ ДА КАЖЕ ДЕКА БЕШЕ ГРЕШКА И ДА СЕ ИЗВИНИ“: „Не би сакал да се разочарам од соседот“, вели Муцунски

„РЕШИВ ДА НЕ ПРАВАМ СКАНДАЛ“: Се огласи Силјановска Давкова за средбата со Радев

„РЕШИВ ДА НЕ ПРАВАМ СКАНДАЛ“: Се огласи Силјановска Давкова за средбата со Радев