Поранешната министерка Шахпаска отвора ординација по интерна медицина
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2024
Поранешната министерка за труд и социјална политика од претходната власт, Јагода Шахпаска, отвора ординација по интерна медицина во Берово, од каде што е и екс функционерката на СДСМ.
Приватната здравствена установа „Д-р Јагода Шахпаска“ е регистрирана изминатиот период со решение издадено од Министерството за здравство на крајот на август.
Специјалистот по интерна медицина од позицијата пратеник во Собранието стана министерка за труд и социјална политика, функција која ја извршуваше до 2022 кога беше заменета со Јована Тренчевска.