17 Септември, 2024
0.0266

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарскиот амбасадор Радуков одбил да ја прими протестната нота од МНР

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР НЕ ЈА ПРИMИ ПРОТЕСТНАТА НОТА

Министерството за надворешни работи(МНР) ѝ врачи протетстна нота на Бугарија, но амбасадорот Желазко Радуков одби да ја прими.

Бидејќи немаше македонското знаме на средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска - Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев минатата недела во Софија, денеска во МНР е повикан новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава  Радуков, за да му биде врачена протестна нота. Тој одби да ја прифати протестната нота.

РАДЕВ ВЕЛИ ПОСЕТАТА БИЛА НЕОФИЦИЈАЛНА

Бугарскиот претседател Румен радев денеска порача дека посетата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова била неофицијална и затоа немало истакнато македонско знаме.

Неистакнувањето на македонското знаме во Софија предизвика големи реакции во јавноста, а Радев сега вели дека ова не било ниту државна, ниту работна посета на претседателката Сиљановска-Давкова.

ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЕСЕНСКАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА

Премиерот Христијан Мицкоски најави одложување на почетокот на „есенската потрошувачка кошничка“ со замрзнување на цените или намалување на маржите на одредени производи, затоа што се уште се усогласувале ставовите со трговците и производителите.

„Ние сме подготвени за разговор, ние не сакаме на сило ништо да направиме, туку да најдеме заедничко решение.Не е поентата сега ние како влада на сила да ги правиме работите. Знам дека во минатото на сила се правеа работите. Ние имаме намера да разговараме со сите засегнати страни и сите заедно да направиме нешто добро за државата. Јас не мислам  Не сакаме трговците и производителите да бидат исфрустрирани поради таквиот однос на владата“, рече Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање пред средбата со германската стопанска комора.

БУРАТА БОРИС НАПРАВИ ПУСТОШ ВО ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ И ОДНЕСЕ ЖРТВИ

Во Полска, водата однесе автомобил со деца. 

Пет луѓе загинаа како последица на поплавите, а телото на хирург кој се враќал од работа е пронајдено во градот Ниса.

Поради пукањето на браната во близина на границата меѓу Полска и Чешка, наредена е итна евакуација. 

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека подготвил наредба за прогласување природна катастрофа.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

И ова лето во медиумите имаше поплаки дека таксистите во Охрид наплаќаат поскапо од реалната цена, со што ги мамат странските туристи.

Во најновиот само што објавен записник од една од последните седници на Владата е објавено дека ќе се аплицира за почетни грантови за нови електроенергетски проекти поврзани со работењето на АД ЕСМ и АД МЕПСО.

Во називот на јавната набавка стои дека 30 ЛЦД телевизори со 80 сантиметарски екрани (во дијагонала н.з.) се набавуваат (цитираме) „За потреби на Кабинетот на претседател на Собрание“. Според усното објаснување што го добивме од прес службата на Собрание набавката на телевизори била за потребите на Собранието, а не за Кабинетот на Гаши. 

Можеби ќе ве интересира

TAРАВАРИ: Данела Арсовска е промашена инвестиција

TAРАВАРИ: Данела Арсовска е промашена инвестиција

СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ: Над 30.000 македонски граѓани лани за прв пат добиле дозвола за престој во EУ

СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ: Над 30.000 македонски граѓани лани за прв пат добиле дозвола за престој во EУ

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕМАРШ ДО БУГАРИЈА: Нема веќе меѓународна политика и дипломатија со свиткана кичма

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕМАРШ ДО БУГАРИЈА: Нема веќе меѓународна политика и дипломатија со свиткана кичма

„ОСТАНАА 10 - 15 НЕРАЗРЕШНИ ДИРЕКТОРИ“: Таравари вели наскоро цел Клинички центар ќе има еден директор

„ОСТАНАА 10 - 15 НЕРАЗРЕШНИ ДИРЕКТОРИ“: Таравари вели наскоро цел Клинички центар ќе има еден директор

Се огласи Радев, посетата на Сиљановска Давкова била неофицијална

Се огласи Радев, посетата на Сиљановска Давкова била неофицијална

ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПРВИТЕ 300 ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ - за останатите ќе се бара решение следната година

ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПРВИТЕ 300 ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ - за останатите ќе се бара решение следната година

Хируршките сали без компресорска станица до крајот на годината

Хируршките сали без компресорска станица до крајот на годината

„ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ПАРИ ЗЕМАЛЕ И ЗА ЛЕПЕЊЕ ПЛАКАТИ НА ТАКСИ ВОЗИЛА“ - министерот Андоновски со сериозни обвинувања

„ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ПАРИ ЗЕМАЛЕ И ЗА ЛЕПЕЊЕ ПЛАКАТИ НА ТАКСИ ВОЗИЛА“ - министерот Андоновски со сериозни обвинувања