17 Септември, 2024
0.0296

ПРАВОТО НЕ Е НА НАША СТРАНА ВО ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА! Еве што мисли професорот Тони Дескоски

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Односите со Бугарија деновиве во центарот на вниманието, откако претседателката Гордана Силјановска Давкова беше на средба кај бугарскиот претседател Румен Радев.

Бројни експерти се јавија со свое мислење и анализа, а по тој повод се огласи и професорот Тони Дескоски.

Последните неколку недели се изначитав колумни, текстови и објави во кои упорно се тврди дека во односите со Бугарија правото било на наша страна, ама моќта била кај Бугарија. Затоа, исто како и со Преспа сме морале да ги изголтаме Бугарските барања.

За жал, вистината е сосема спротивна. Правото (меѓународното) е на страната на Бугарија и тоа од оној момент кога тогашниот Премиер Заев го потпиша Договорот за добрососедство. По тој договор, Бугарија има право да ни стави вето за ЕУ и да бара од нас некаква чинидба за да го симне ветото. Ете затоа Францускиот Претседател Макрон ни го понуди Францускиот пакет, како модалитет со кој ние ќе го испорачаме она што Бугарија го бара од нас за да го симне ветото за ЕУ. Уште повеќе, нашата Влада и Собрание го прифатија Францускиот пакет и сега Бугарија бара од нас да го испорачаме ветеното.

Значи, објективната ситуација е дека денес ние сме тие кои го кршат Билатералниот договор со Бугарија.

Обратно, до 2018 година, Грција беше во кршење на Времената спогодба за да не примора да го прифатиме нејзиното барање за промена на името. И тоа беше верифицирано и со судска пресуда. Во 2017 година, Димитров и Заев наследија ситуација во која бевме блокирани од Грција, но блокадата беше сторена со Кршење на времената спогодба. Со склучувањето на Преспа, Димитров и Заев се одрекоа од нашата предност и во целост ги прифатија грчките барања за промена на името на државата (и нацијата), небаре ние сме тие што ја прекршиле Времената спогодба.

За разлика од Димитров и Заев во 2018 година, нашата Влада денес е ставена во ситуација да се соочува со веќе втасано барање од Бугарија. Бугарското барање е прифатено и обврската е настаната од претходната влада, а сега дојде време за наплата. Исто како таткото да се коцкал и ставил хипотека на семејната куќа како гаранција за доолгот, па сега по негвата смрт децата мораат да го платат долгот направен од предокот или да ја изгубат куќата.

Нашата јавност мора час поскоро да стане свесна за тежината на ситуација во која се наоѓаме. А таа е: Бугарското вето за ЕУ е согласно Билатералниот договор за добрососедство и згора на тоа, ние се согласивме како држава во 2022 година тоа вето да се симне за отворање (или продолжување, кому како му е мило) на преговорите за ЕУ членство по промената на Уставот. (по суштинското отворање на преговорите ќе ги исполнуваме другите барања од списокот на Бугарија)

Во меѓународните односи, најпосакувана ситуација е земјата да има правно засновано барање и да има инструмент со кој го држи другиот во рака ако не биде исполнето барањето. Таква е позицијата на Бугарија спрема нас денес. Обврските создадени од Владите на Заев и Ковачевски ја обврзуваат државава.

Реалноста веројатно никому од нас не му се допаѓа, ама таа е. Нема друга.“, напиша тој на фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

Рускоска: Новото одделение во Јавното обвинителство нема логика

Рускоска: Новото одделение во Јавното обвинителство нема логика

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

АЛБАНЦИТЕ И КОСОВЦИТЕ НАЈМНОГУ ОД СИТЕ БАЛКАНЦИ БАРААТ АЗИЛ ВО ЕВРОПА - од граѓани на Македонија се поднесени 1.872 барања за шест месеци

АЛБАНЦИТЕ И КОСОВЦИТЕ НАЈМНОГУ ОД СИТЕ БАЛКАНЦИ БАРААТ АЗИЛ ВО ЕВРОПА - од граѓани на Македонија се поднесени 1.872 барања за шест месеци

Клан Македонија: Наим Рамука разрешен по инцидентот со Африм Гаши

Клан Македонија: Наим Рамука разрешен по инцидентот со Африм Гаши

НАЈГОЛЕМ БРОЈ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД ИМА ВО СКОПЈЕ: Еве каква е состојбата

НАЈГОЛЕМ БРОЈ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД ИМА ВО СКОПЈЕ: Еве каква е состојбата

Поранешната министерка Шахпаска отвора ординација по интерна медицина

Поранешната министерка Шахпаска отвора ординација по интерна медицина

НАПАДИ ВО ГЕРМАНИЈА: Дали ова им предизвикува страв на Македонците кои таму се преселија или привремено се на работа?

НАПАДИ ВО ГЕРМАНИЈА: Дали ова им предизвикува страв на Македонците кои таму се преселија или привремено се на работа?

„БУГАРИЈА МОЖЕ ДА КАЖЕ ДЕКА БЕШЕ ГРЕШКА И ДА СЕ ИЗВИНИ“: „Не би сакал да се разочарам од соседот“, вели Муцунски

„БУГАРИЈА МОЖЕ ДА КАЖЕ ДЕКА БЕШЕ ГРЕШКА И ДА СЕ ИЗВИНИ“: „Не би сакал да се разочарам од соседот“, вели Муцунски

„РЕШИВ ДА НЕ ПРАВАМ СКАНДАЛ“: Се огласи Силјановска Давкова за средбата со Радев

„РЕШИВ ДА НЕ ПРАВАМ СКАНДАЛ“: Се огласи Силјановска Давкова за средбата со Радев