НАПНАТО ВО СОБРАНИЕ: Ни вториот ден не им ги приближи ставовите на власта и опозицијата
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2018 06:40
Ни вториот ден од дебатата во парламентот, за уставните промени согласно Преспанскиот договор за промена на името, не донесе наговестување за приближување на ставовите на власта и опозицијата.
Вчерашниот тек на седницата зауставните измени го обележа одбивањето на собранискиот спикер Џафери да му дозволи на лидерот на највлијателната опозиција ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицкоски, да им се обрати на пратениците. Барањето на првиот опозиционер го упати партијата, но Џафери го отфрли со образложение дека е неосновано, и дека не може да дозволи од собраниска говорница да се обрати некој кој не е пратеник.
Во обид да го објасни барањето ВМРО ДПМНЕ Мицкоски да им се обрати на пратениците не е преседан, и дека такви ситуации имало и порано, Џафери на пратеникот Драган Данев му го исклучи микрофонот. Пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО ДПМНЕ им предложи на лидерите на двете главни партии да седнат на маса и да ја договорат иднината на државата.
Во расправата учествуваше и премиерот Заев убедувајќи ги пратениците дека договорот со Грција не го менува името на Македонија, туку само, како што рече го дополнува. Сепак, најголемо внимание на медиумите го привлече реагирањето на повикот на Заев, кој во своето воведно образложение во парлементот ја повика опозицијата на национално помирување, и , како што рече , простување на минатогодишниот „27 април“, што во јавноста е протолкувано како понуда за помилување за обвинетите за предизвикување насилство во Собранието.
Констатацијата на медиумите е дека таа изјава на Заев предизвика „земјотрес“ во правосудниот систем, и дека експертите укажуваат дека тој потег на премиерот имал далекусежни последици.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




