Направете ги овие промени на работното место за да станете попродуктивни
Објавено во: Финансии 31 Јануари, 2017 12:39
Средината во која работите, влијае исклучително многу на ефикасноста на луѓето. Ако сакате да го подигнете квалитетот на својот труд, ви препорачуваме да ги направите овие шест лесни промени.
1. Исфрлете ја целата непотребна хартија, тетратки, документи. Колку помалку ситници, толку подобро. Пишувајте си ги списоците со задачи само во еден тефтер или користете некоја од десетиците мобилни апликации за целта.
2. Светлината на работното место е едно од најважните нешта. Таа треба да е таква што нема да ги оптоварува дополнително вашите очи. Но има значење и природата на самата работа - потемната светлина е погодна за професии каде се користи аналитичко размислување, а топлата помага за создавање на добра атмосфера, покажуваат студии.
3. Ставете слика во близина на масата. Експертите советуваат дека не треба уметноста во канцеларијата да е премногу нападна. Класика - пејзаж, најдобро шумски.
4. Ако имате свој кабинет, обојте ги ѕидовите во зелено. Тоа е најсоодветната боја за работна атмосфера, бидејќи ја охрабрува креативноста на потсвесно ниво.
5. Заборавете на кафето и слатките пијалоци. Наместо тоа изберете чај. Чувајте неколку кутии со различни видови во канцеларијата.
6. Навикнати сте кон 3 попладне да посегнувате кон грицки, чипсови и слично? Заменете ги со ореви, бадеми или било кое јаткасто овошје. Ќе си обезбедите влакна и протеини и ќе се чувствувате заситени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





