21 Мај, 2024
0.0261

Направи си сам – идеи за Велигден

Објавено во: Стил 06 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Велигден тропа на вратата, а вие уште немате време да се подготвите за празникот. Видете ги нашите брзи идеи и направете си сами убави велигденски декорации за неколку минути. Убава вазна за Велигден Со помош на неколку стаклени тегли, боја или цветно предиво може да си направите убави и ефектни вазни со кои ќе ја красат вашата трпеза за Велигден. Другата опција е да го наполните садот со бели велигденски јајца, памук или бели бонбони, а на капакот на садот да ставите зајачки уши. Со помош на боички нацртајте очи, нос, мустаќи и уста напред, а позади залепете памук за опашка. velikden-170035-500x0 Велигденски украси со конец Направете си велигденски јајца од конец. За целта ви треба лепак на водена основа. Откако го растворите, натопете во него конците предиво. Додека чекате да се покисне убаво, надувајте неколку мали балони. Потоа замотајте го предивото околу балонот и почекајте да се исуши. Кога тоа ќе се случи, пукнете го балонот и полека извлечете го. velikden-prejda-170034-500x0 Велигденска мини кошница Се прави брзо и лесно од хартија. Може да ви послужи за декорација на празничната трпеза или како држач за обоени јајца, кои сакате да им ги подарите на своите блиски. Другата опција е да користите стара картонска кутија која ќе ја исечете во соодветна форма и ќе ја обложите со обоена хартија и ќе и заврзете панделка или чипка околу неа. koshnici-170032-500x0 (1) Јајца мозаик Сварете 8 бели јајца и потоа поделете ги  на две половини. Првите четири обоете ги, а од другите 4 изберете две, кои ќе ги скршите и излупете од школката. Потоа со парчињата жолчки од школката почнете да ги красат бојадисаните јајца, така што ќе ги залепите парчињата со помош на лепило. Користете повеќе заоблени школко за дното, за да изгледа подобро. velikden-mozaika-170033-500x0 Кутија за чоколадни задоволства Бидејќи Велигденското зајаче е еден од симболите на празникот, често декорацијата за Велигден вклучува и фигури во форма на морков. Направете си кутија за чоколадни јајца и дајте и форма на морков. За неа ви треба портокалов картон, молив, линија и ножици, со помош на коиќе исцртате и исечете моркова кутија. На крај додадете зелена лента или конец. velikden-morkov-170037-500x0  

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“