ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kостадинов предлага обединување на Македонија со Бугарија, македонските политичари ја осудија изјавата
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2025
КОСТАДИНОВ ПРЕДЛАГА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ОБЕДИНИ СО БУГАРИЈА
Припојување на Македонија и делови од Украина, конкрено Јужна Бесарабија кон Бугарија, бара лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов.
Костадинов на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави пост со кој отворено ги поддржа ставовивте на Трамп за присвојување на Канада и Гренланд, и ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија.МАКЕДОНСКОТО МНР ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА КОСТАДИНОВ
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на претседателот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава.
Велат дека таквите злонамерни изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава, и истовремено се во директна спротивност со правилата и принципите на меѓународното право, немешањето на државите во нивните внатрешни работи и политиката на градење на добри меѓусоседски односи.Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги осуди иредентистичките изјави на претседателот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва коментирајќи ја изјавата на лидерот на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија, кажа дека тоа е непристоен предлог.
ВИКТОР СТОЈАНОВ НАЈАВУВА ПАНИХИДА ЗА МАРА БУНЕВА
Претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов има забрана за влез во државава, но повикува на 12 јануари да се оддржи собир и панихида за Мара Бунева во црквата Свети Димитрија во Скопје. Настанот е планиран да почне во 12 часот, а собирот е на кејот на реката Вардар каде треба да се положат венци и цвеќиња.ТАРАВАРИ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА ЗА ДЕТЕТО КОЕ ПОЧИНА ВО СРЕДИНАТА НА ДЕКЕМВРИ
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска информираше дека според извештајот за седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника во Скопје, нема констатирано лекарска грешка.
„Извештајот пристигна, јас го прочитав уште во понеделник. За среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка,“ изјави министерот на прес-конференција, одговарајќи на прашања од новинарите.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Бадник и Божиќ поминаа, но на граѓаните им останаа залихи од храна и треба да се внимава, да не се претерува со земање на поголеми количини.Над 3.100 мал акционери во РЖ Економика кои се домашни физички лица и поседуваат 29 отсто од акциите во таа компанија, согласно Законот за преземање компании, треба да добијат понуда за откуп на нивните акции. Цената по акција би требало да биде 50 денари затоа што тоа е цената по која таа акција се тргувала цела година наназад
АД ЕСМ потврди дека е склучен „договор во четири очи“ со градежната фирма „Топлина Подмолје“ за ископ на јаловина и јаглен во рудникот Брод Гнеотино за потребите на РЕК Битола.
Поранешниот почесен конзул на Унгарија во Битола, Сашо Јанакиевски, го отстапи својот удел во Ремондис Медисон на истоимениот германскиот партнер од неговата компанија, инаку специјализирана во земјата за третман на медицински отпад.