Народна Банка и Стопанска комора заеднички ќе ја засилат финансиската едукација
Објавено во: Финансии 26 Октомври, 2016 16:35
Народната банка на Република Македонија и Стопанската комора потпишаа меморандум за соработка со кој ќе работат заеднички за поголема едукација за финансиската писменост која е многу важна.
„Едукативните активности претставуваат клучен дел од работењето на Комората за унапредување на пазарното стопанство, претприемаштвото и поттикнување на конкурентноста кај нејзините членови. Овие активности, конкретно, се остваруваат преку организирање и поттикнување соодветни облици за постојано функционално образование и иновации во знаењата на раководните кадри, како и на другите стручни кадри и професионална надградба на стекнатите знаења преку организирање стручно оспособување. Едукативните активности на Проектот за финансиска едукација на Народната банка којшто опфаќа: интерактивни предавања, семинари и работилници, национални и меѓународни конференции, посети на Банката, објави и публикување едукативни материјали за различни целни групи и возрасти, остварување билатерална соработка со институции и организации, се наменети за зголемување на финансиската писменост кај населението во државата“, посочуваат од НБРМ.

Потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу Комората и Народната банка е со цел да се подигне финансиската свест кај населението во земјата, да се подобри финансиската писменост кај младото и возрасното население и тоа да се стекне со соодветни вештини и знаења коишто ќе му овозможат да донесува рационални и ефективни одлуки при управувањето со парите и финансиските услуги и производи.
Потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор напред во унапредувањето на долгогодишната успешна институционална соработка меѓу Комората и Народната банка. Улогата на Комората е преку здруженијата во рамките на Комората да ја информира и да ја поттикнува бизнис-заедницата да даде поддршка за спроведување проекти во полето на финансиската едукација, согласно со нивните можности и интереси. Со тоа, Комората активно се вклучува во постојниот Проект за финансиска едукација на Народната банка.
Истовремено, Народната банка ги поддржува проектите за финансиска едукација на Комората (преку Центарот за едукација во рамки на Комората и Бизнис-центарот за тренинг и обука) за спроведување едукативни активности, како што се: одржување предавања, семинари, работилници, тркалезни маси, конференции, интерни обуки и други настани, организирање промотивни едукативни настани, публикување едукативни материјали, летоци, брошури и други активности од областа на финансиска едукација, коишто се од заемен интерес за двете институции, како и за сите субјекти коишто се вклучени во наведените проекти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





