05 Декември, 2025
0.0291

НАРОДНА БАНКА ЈА НАМАЛИ КАМАТНАТА СТАПКА НА БЛАГАЈНИЧКИТЕ ЗАПИСИ - паѓаат каматите и на расположливите депозити

Објавено во: Финансии 18 Декември, 2024 12:49

Добивај вести на Viber

 На 17 декември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.  

- На седницата беше оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со постепеното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Оттука, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 5,55 отсто. На седницата беше донесена одлука за намалување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,95  и 4 проценти, соодветно - посочуваат од Народна банка на Македонија. 

Од таму додаваат дека понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.  

- Со ваквата промена на каматните стапки се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, што е условено од натамошното присуство на ризиците поврзани со надворешното окружување, но и со домашните фактори коишто влијаат врз агрегатната побарувачка. И натаму се очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки, ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото - нагласуваат банкартие. 

Воедно укажуваат дека одлуката за монетарната политика е заснована на оцените за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата, како и на постојаните поволни движења на девизниот пазар. Годишната стапка на инфлација очекувано забрза во ноември и изнесува 4,3 проценти (3,5 отсто во октомври), заради цените на храната.  Ова во голем дел се објаснува со пониската споредбена основа од истиот период минатата година, заради мерките преземени тогаш за привремено ограничување на растот на цените. Притоа, базичната инфлација бележи забавување на годишна основа, а има и натамошен пад на цените кај енергетската компонента.

- Ефектите од споредбената основа кај цените на храната ќе имаат продолжено влијание, односно до крајот на годината се очекува задржување на годишната стапка на инфлација близу до минатомесечното ниво. И покрај ваквите движења, во просек за целата 2024 година се очекува дека инфлацијата ќе изнесува 3,5 отсто, односно во рамките на проектираната стапка, според октомврискиот циклус проекции. 

Во анкетите на ЕК за очекувањата на потрошувачите и натаму преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Во однос на  берзанските цени на примарните производи, според најновите прогнози тие се ревидирани надолу, во согласност со намалената глобална побарувачка - се наведува во соопштението на НБРМ. 

Додаваат дека сСостојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на ноември изнесува 4.920 милиони евра, што е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во согласност со поволните движења на девизниот пазар, Народната банка од почетокот на годината интервенира со нето-откуп на девизи, што придонесе и за подобри остварувања кај девизните резерви од очекувањата. 

Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во октомври 2024 година засега е понизок во споредба со очекувањата за четвртиот квартал од октомврискиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со крајот на ноември се во согласност со проектираните нето-приливи од приватните трансфери. Остварениот суфицит во тековната сметка на билансот на плаќања во третиот квартал од 2024 година е речиси на нивото од октомвриската проекција, при остварени нето-финансиски одливи во согласност со очекуваните.  

- Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), како фактор којшто Народната банка исто така го има предвид, на последната седница во декември по четврти пат оваа година беше донесена одлука за намалување на каматните стапки за 0,25 п.п.  Економскиот раст во третиот квартал на 2024 година умерено забрза и достигна 3 проценти, што е блиску до проекциите на Народната банка. Растот остварен во првите три квартали од годината изнесува 2,6 отсто и е малку повисок од очекуваниот, при нагорни ревизии во податоците за првата половина на годината. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот и динамиката на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти - укажуваат од НБ. 

Во монетарниот сектор, депозитите и кредитите бележат солидни стапки на раст и движењата засега се подобри од очекувањата за последниот квартал од годината, објаснуваат од НБ.  

- Општо земено, најновите остварувања кај клучните макроекономски показатели, како и согледувањата во однос на нивната идна патека, создадоа простор за натамошно нормализирање на монетарната политика. Ризиците поврзани со надворешното окружување и понатаму постојат, а со внимателност се следат и потенцијалните ризици од домашните фактори коишто би можеле да влијаат на побарувачката и на цените во следниот период. Оттука, водењето внимателни макроекономски политики ќе биде приоритет и во иднина. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок - се заклучува во соопштението испратено од НБРСМ. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката