Народна банка не попушта, нема намалување на каматните стапки

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2024 11:51
Народна банка на последната седница оцени дека монетарната политика треба да остане затегната и со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 отсто, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 и 4,25 проценти, соодветно.
Ваквата одлука следи и покрај тоа што Европската централна банка (ECB), како што се очекуваше, ја намали основната каматна стапка за 25 базични поени. Така, според новата каматна стапка на ЕЦБ депозитната стапка ќе изнесува 3,75%. Банката одлучи да ја намали каматната стапка и покрај малку повисоката стапка на инфлација од целната. За ЕЦБ ова беше прво намалување на каматните стапки од 2019 година, а според податоците на Блумберг, аналитичарите во моментов очекуваат уште две намалувања на каматните стапки во еврозоната до крајот на оваа година.
„Главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа“, соопшти централната банка.
Како аргумент кој оди во прилог на затегнатата мерка е нивото на инфлацијата во мај 2024 година кое изнесува 4,5 отсто на годишно ниво
„Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во јуни беше донесена одлука за намалување на основните каматни стапки за 0,25 п.п., во согласност со очекувањата на пазарите. Притоа, ЕЦБ нагласи дека и покрај намалувањето, со новото ниво на каматните стапки сè уште се задржува затегнатоста и претпазливоста на монетарната политика“, велат од Народна банка.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ПЛАНИРА ДА ВОВЕДЕ ТАКСА ЗА МАЛИТЕ ПАКЕТИ НА ТЕМУ И ШЕИН - повеќе нема да бидат ослободени од царина

Фактор анализа ПОЛОГ 2024: Како бизнисмените од руралните општини им држат лекции на стопанствениците од Тетово и Гостивар!

СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ ВО ЗЕМЈАВА ЖИВЕЕ ВО БЕДА: Кои се долгорочните последици од детската сиромаштија?

ТРАДИЦИИТЕ ТЕШКО ГИ НАПУШТАМЕ – жените остануваат дома, а мажите заработуваат за домот

МИЦКОСКИ: Имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

РАБОТНО ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ СТУДЕНТИ, ПЕНЗИОНЕРИ, СТРАНЦИ: Eве под кои услови...

ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка
