25 Ноември, 2024
0.0269

Народна банка откако акционери на Уставен ја оспорија забраната за дивидендите: Мерката е превентивна

Објавено во: Економија 12 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Народната банка им одговори на Хари Костов и другите акционери од Комерцијална банка. Не директно, туку преку одговор на Фактор откако побаравме став од Народната банка по известувањето на тие акционери денеска дека ја оспоруваат на Уставен суд одлуката за времена забрана за поделба на дивидендите. Од кабинетот на гувернерката Анита Ангеловска Бежоска велат дека со таа одлука се штити јавниот интерес. 

„Одлуката е донесена согласно со Законот за Народната банка, во функција на остварување на законската цел за одржување на стабилноста на финансискиот систем. Согласно истиот закон, стабилноста на банкарскиот систем и мерките што се преземаат заради постигнување и одржување на неговата стабилност се од јавен интерес. Со оваа одлука којашто има времен карактер, се делува превентивно, за натамошно зголемување на отпорноста на банкарскиот систем и одржување на негова стабилност, а во услови на сѐ уште присутна неизвесност околу понатамошниот тек на здравствената криза. Истовремено, оваа одлука ќе придонесе за натамошна солидна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите, што е исклучително важно за справување со кризата. Од истите причини, одложувања на привремена основа на исплата на дивиденда на акционери на банките се воведени во сите земји на Европската Унија и во регионот. Впрочем, нема земја во којашто не е воведено вакво ограничување, стои во известувањето.

Додаваат дека веќе разговарале со банкарите преку Македонската банкарска асоцијација (МБА),  и притоа Одлуката на  Народната банка беше оценета како превентивна, во функција на натамошно јакнење на потенцијалот на банките и штедилниците.

Сметаме дека ваквата одлука е во долгорочен интерес и на банките и штедилниците и нивните акционери: со зачувувањето и натамошното јакнење на капиталните ресурси и со зајакнување на својата поддршка за домаќинствата и корпоративниот сектор, банките и штедилниците ефикасно ја штитат својата вредност, и вредноста на инвестициите на акционерите, стои воодговорот од Народна банка

Претходно Костов  и други акционери на Комерцијална банка меѓу кои Адора инженеринг на Ванчо Чифлиганец, ИГМ Трејд, Гранит, Промедика, Макпетрол, Македонијатурист, ЗСФ ком, Раде Кончар ТЕП, Раде Кончар Сервис, Раде Кончар Апаратна техника, Смелтинг, Езимит вино ДОО Штип и поголем број физички лица-акционери на Банката денеска до Уставниот суд поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, донесена од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија на 26 февруари 2021 година.

Од Комерцијална банка соопштуваат дека подносителите на иницијативата сметаат дека оспорената Одлука е донесена од страна на Советот на Народната банка без законско овластување за донесување одлука со таква содржина, односно дека таа не е во согласност со член 47, став 1, точка 25 од Законот за НБРМ.

Детали овде

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“