12 Мај, 2025
0.0251

„НАРОДНА БАНКА ПОКАЖА ОТПОРНОСТ ВО СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ“: Кјобе, шефицата на Мисијата на ММФ во Македонија

Објавено во: Финансии 08 Мај, 2025 11:10

Добивај вести на Viber

Поставеноста на монетарната политика на Народната банка на Македонија е стабилна и ефикасна во одржувањето на стабилноста на девизниот курс и контролата на инфлацијата, оцени шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава Анет Кјобе. Таа истакнува дека Народната банка покажала отпорност во справувањето со предизвиците како што беше растот на цената на енергенските по руската инвазија на Украина. Сепак нагласува оти борбата против инфлацијата треба да продолжи се додека не почне одржливо да се намалува, поддржана од намалувањето на светските цени на храната и енерегијата и ублажувањето на базичната инфлација. 

- НБРСМ покажа отпорност во справувањето со предизвиците, како што е на пример шокот од растот на цената на енергентите по руската инвазија на Украина. Како одговор на инфлацијата којашто се искачи на високи речиси 20 проценти во 2022 година, НБРСМ донесе непоколебливи одлуки за зголемување на каматните стапки, со што ги закотви инфлациските очекувања. До август 2024 година, инфлацијата се намали на 2,2 проценти, благодарение на ефикасноста на монетарното затегнување и намалувањето на светските цени на примарните производи. Од септември 2024 година, Народната банка започна со внимателно нормализирање на монетарната политика, следејќи ја Европската централна банка - посочува Кјобе.

Во однос на банкарскиот сектор, Кјобе оценува дека е стабилен и отпорен на шокови и дека има историски највисоки стапки на адекватност на капиталот и стабилни стапки на ликвидност кои се особено важни за обезбедување стабилност во услови на глобални и регионални предизвици. 

- Нефункционалните кредити се на историски најниското ниво (од 2,6 проценти) и се добро покриени со резервации, со што се намалуваат ризиците за билансите на банките. Профитабилноста е солидна, а стрес-тестовите спроведени од централната банка потврдуваат дека банкарскиот сектор во целина е отпорен на серија неповолни сценарија - посочува шефицата на ММФ во земјава.

Зголемувањето на царините од страна на американската администрација, според Кјобе, би можело нагло да го забави светскиот раст, со надолно ревидирање на проекциите на 2,8 проценти за 2024 година и 3 проценти за 2025 година, односно вкупно намалување од 0,8 процентни поени во споредба со претходните прогнози.

Кјобе вели дека ефектите ќе се разликуваат од земја до земја, иако некои може да имаат корист од пренасочувањето на трговијата ‒ пренасочување на трговската размена бидејќи царинските давачки го пренасочуваат увозот кон партнери кои се помалку погодени од оваа мерка или воопшто не се погодени.

- Пошироките ризици вклучуваат одмазднички царини, коишто би можеле да ескалираат во целосни трговски војни, притоа дестабилизирајќи ги меѓународните односи. Со текот на времето, намалената конкуренција од заштитените пазари може да ги намали иновациите и да поттикне напори за максимизирање на индивидуалните придобивки, без да се води сметка за користа за целокупната економија, притоа нарушувајќи ја продуктивноста. 

Комбинацијата на овие предизвици претставува несигурност во однос на трговската политика, што заедно со нестабилноста на финансиските пазари може дополнително да ја поткопа довербата на инвеститорите. Компаниите може да ги одложат капиталните расходи или да го префрлат работењето за да се заштитат од непредвидливите трговски правила, притоа засилувајќи го притисокот врз светскиот раст. Иако пренасочувањето на трговијата нуди одредено ограничено олеснување за некои економии, сепак не успева да ги надомести системските загуби, бидејќи реорганизираните синџири на снабдување честопати доведуваат до неефикасност - нагласува Кјобе.

За Македонија оценува дека директното влијание од царините ќе биде ограничено, но дека многу позначителни ќе бидат индиректните ефекти поради изложеноста на земјата кон Европската унија, особено кон германската економија. 

- Општо земено, Македонија е чувствителна на промените во светските трговски шеми поради нејзината релативно висока трговска отвореност, со извоз на стоки проектиран на околу 44 проценти од БДП во 2024 година, односно на околу 63 проценти заедно со услугите - посочува Кјобе за МИА.

Членството на земјава во СЕПА, според шефицата на ММФ, ќе овозможи побрзи, поевтини и побезбедни прекугранични плаќања во евра, што е исклучително важно за отворена економија со високи приливи на дознаки од странство. 

Ви пренесуваме дел од интервјуто: 

Независноста на централната банка е клучен елемент за ефикасна монетарна политика. Како ја оценува ММФ институционалната и оперативната независност на Народната банка на Македонија?

- Меѓународниот монетарен фонд постојано нагласува дека независноста на централната банка е клучот за ефикасна монетарна политика. Независноста зависи и од институционалните и од оперативните аспекти коишто се суштински за централната банка да може да функционира без мешање од надворешните фактори.

Поставеноста на монетарната политика на НБРСМ е стабилна и ефикасна во одржувањето на стабилноста на девизниот курс и контролата на инфлацијата, како што се наведува и во неодамнешната мисија на ММФ за процена на заштитните механизми во која се истакнуваат нејзината силна институционална и оперативна независност, доброто управување и солидната финансиска рамка и рамката за управување со ризиците.

Покрај тоа, механизмите за комуникација и отчетност на централната банка, практиките за транспарентност и оперативната автономија се во согласност со меѓународните стандарди, што се потврдува и со високите оценки за централната банки во Извештајот за оценувањето според Кодексот на транспарентност на централните банки на ММФ за 2022 година.

Во изминатиот период, Народната банка презеде повеќе мерки насочени кон финансискиот систем. Каква е оцената на ММФ за стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор?

- ММФ го оценува банкарскиот сектор на Северна Македонија како стабилен и отпорен на шокови, поддржан од проактивната регулативна и надзорна рамка на НБРСМ. Банкарскиот сектор одржува историски највисоки стапки на адекватност на капиталот (од 18,9 проценти) и стабилни стапки на ликвидност (од 289,4 проценти), коишто беа особено важни за обезбедувањето стабилност во услови на глобални и регионални предизвици. Нефункционалните кредити се на историски најниското ниво (од 2,6 проценти) и се добро покриени со резервации, со што се намалуваат ризиците за билансите на банките. Профитабилноста е солидна, а стрес-тестовите спроведени од централната банка потврдуваат дека банкарскиот сектор во целина е отпорен на серија неповолни сценарија.

Во текот на изминатата година, Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) исполни неколку важни зацртани регулаторни цели за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со меѓународните стандарди. Главниот фокус беше насочен кон изготвувањето силна регулативна рамка за решавање на банките, во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ и меѓународните стандарди и практики. На почетокот на 2025 година, Народната банка донесе сеопфатен пакет од дванаесет подзаконски акти коишто произлегуваат од Законот за решавање на банките, што претставува значаен чекор во зајакнувањето на стабилноста на финансискиот систем и заштитата на јавниот интерес.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕВОСТ НЕ БИЛ БЕЗ ПАРИ: Заработувал помеѓу 5.000 и 6.400 евра како кардинал

ПРЕВОСТ НЕ БИЛ БЕЗ ПАРИ: Заработувал помеѓу 5.000 и 6.400 евра како кардинал

КОЈ БЕШЕ НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК ВО ПОРАНЕША ЈУГОСЛАВИЈА? Живеел во замок, а потоа изгубил сè - запаметен по најголемата загуба во историјата

КОЈ БЕШЕ НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК ВО ПОРАНЕША ЈУГОСЛАВИЈА? Живеел во замок, а потоа изгубил сè - запаметен по најголемата загуба во историјата

СИГУРЕН, НО ПРИСТАПЕН: Еве го списокот на најдобри половни автомобили до 10 години старост

СИГУРЕН, НО ПРИСТАПЕН: Еве го списокот на најдобри половни автомобили до 10 години старост

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите