27 Ноември, 2024
0.0246

НАРОДНАТА БАНКА ГИ КАЖА НАЈНОВИТЕ ПРОГНОЗИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА И ИНФЛАЦИЈАТА - еве кога и за колку време треба да се спуштат цените

Објавено во: Финансии 09 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Макроекономската слика за периодот 2023 ‒ 2026 година во овој циклус проекции не е значително променета, во споредба со проекциите од април, изјави на денешната прес конференција гувернерката на НБМ Анита Бежовска Ангеловска, претставувајќи ги макроекономските проекции пред јавноста, по одржаната редовна седница на Советот на Народната банка, на на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки, се вклучени и макроекономските проекции.

Во однос на растот, и натаму се очекува умерено забавување во 2023 година и негово постепено засилување во следниот период. Сепак, во услови на малку понеповолно надворешно окружување, на краток рок, закрепнувањето на економијата е малку послабо од претходните очекувања. Така, се очекува дека во 2023 година економскиот раст умерено ќе забави и ќе се сведе на 1,9 отсто, додека со подобрувањето на надворешниот амбиент и спроведувањето на јавниот инфраструктурен циклус во земјава, растот би забрзал искачувајќи се до 3 отсто во 2024 година. На среден рок, се очекува натамошно закрепнување, односно раст од околу 4 отсто, под услов да нема позначителни шокови. Во поглед на  структурата на растот, за 2023 година се очекува позитивен придонес од нето-извозот и од домашната побарувачка, додека за следните две години се очекува дека растот ќе произлезе од домашната побарувачка, со најголем позитивен придонес од бруто-инвестициите, заради засилената изведба на капиталните инфраструктурни проекти поврзани со изградбата на патните коридори и приватните домашни и странски инвестиции“, нагласи гувернерката.

Инфлацијата и натаму ќе се намалува и на среден рок ќе се сведе на историскиот просек од 2 %. Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, годишната инфлација во октомври забави сведувајќи се на 3,5%. Притоа, со оглед на повисоките годишни стапки од почетокот на годината, просечната инфлација за периодот јануари ‒ октомври изнесува 10,7%. Во натамошниот период се очекува дополнително забавување на просечната инфлација којашто за целата 2023 година би изнесувала околу 9,5%. Инфлацијата и во 2024 година значително ќе се намалува до 3,5% ‒ 4% во просек, а понатаму ќе се сведе на околу 2%.

Последните оцени за кредитната активност на банкарскиот сектор се непроменети во однос на очекувањата од априлските проекции, односно се задржуваат оцените за забавување на растот на кредитите во 2023 година и постепено забрзување на растот во наредниот тригодишен период. Кредитниот раст на крајот на 2023 година би се свел на 5,7%, додека со постепеното забрзување на економскиот раст и стабилизирањето на очекувањата, се очекува забрзување на растот на кредитната активност за периодот 2024 ‒ 2026 на 6,9%, во просек. Со оглед на попривлечните услови за штедење, како одраз на мерките преземени од страна на Народната банка и зголемената доверба во домашната валута, како и очекуваниот раст на паричните примања на населението, на крајот на 2023 година, се очекува солиден раст на вкупните депозити од 8,4 отсто, повисок од очекувањата во април. За следниот период се проектира натамошен солиден раст на депозитите, којшто во просек би изнесувал 7,8% во периодот 2024 ‒ 2026 година, исто како во априлската проекција.

Општо земено, макроекономската слика во поглед на патеката на економскиот раст и на забавувањето на инфлацијата за целиот период на проекциите не се многу променети во однос на априлскиот циклус. Од друга страна, екстерната позиција на домашната економија се оценува како значително поповолна во споредба со претходната проекција, со помал притисок врз тековната сметка, посебно оваа година, и со солидни финансиски приливи, што следствено ќе овозможи задржување на соодветното ниво на девизните резерви на среден рок. Клучните ризици за основното макроекономско сценарио се слични на оние од априлските проекции, при што ризиците од надворешното окружување, и на краток, и на среден рок, и натаму се неповолни. Во овој контекст, неопходно е следење и на политиките коишто влијаат врз агрегатната побарувачка во домашната економија. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите