НАРОДНАТА БАНКА КАЖА НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ЛАНСКАТА ДОБИВКА НА ДОМАШНИТЕ БАНКИ - профитот, сепак, растел побавно од претходната година
Објавено во: Финансии 08 Мај, 2025 09:55
Во својот извештај за ризиците за банкарскиот сектор за минатата година, НБМ прецизно објаснува како македонските банки ја направија високата профитабилност, од 283 милиони евра.
Иако, како што велат и од НБМ, во 2024 година добивката на банкарскиот систем и натаму расте, но побавно во споредба со претходната година.
А, нето каматните приходи се најголемиот извор на нивната профитабилност, иако голема улога имал и фактот што банките умешно ги наплатиле своите побарувања кои ги имале од порано на основа на лошите кредити.
„Најголем придонес во зголемувањето на добивката имаше растот на нето каматните приходи, и тоа од речиси сите сектори. Солиден придонес за растот на добивката имаше и засиленото управување со ненаплатените и отпишани побарувања од страна на банките, што се одрази преку намалени исправки на вредноста за нефункционалните кредити и зголемени приходи врз основа на наплатени претходно отпишани побарувања и од продажби на преземен имот“, се вели во извештајот на НБМ.
Всушност, следниов пасос најдобро покажува од каде произлегува банкарската профитабилност, а тоа е дека банките многу повеќе наплатуваат од каматите на кредитите што ги даваат, во однос на каматите на депозитите што ги чуваат. Притоа, банките имаат голема среќа што ја кредитираат и државата, и всушност тоа има најголем удел во растот на нето приходите од камати, со над 44 отсто.
„Повисокиот нето каматен приход на банките произлегува од поголемиот раст на приходите од камати (за 5.050 милиони денари или за 16,6 отсто), во споредба со растот на каматните расходи (за 1.962 милиона денари или за 37,6 отсто). Притоа, нето каматните приходи бележат раст од сите сектори. Финансиското посредување со домаќинствата имаше најголем придонес во формирањето на нето каматниот приход (39,7 отсто), по што следат нефинансиските друштва (37,2 отсто), додека најголем придонес во растот на нето каматниот приход имаа нето-приходите од камати од секторот „држава“ (44,1 отсто), по што следат нето-приходите од камати од нефинансиските друштва (33,0 отсто)“, велат од НБМ.
Извесен придонес во зголемувањето на добивката имале и повисоките нето-приходи од провизии.Банките и трошеле, особено за плати на своите вработени, но и за услуги.
„Единствено повисоките оперативни трошоци имаа негативен придонес во растот на добивката, што најмногу произлезе од зголемувањето на трошоците за вработените и трошоците за услуги“, се вели во извештајот на НБМ.
Растот на добивката имал позитивно влијание врз основните показатели за профитабилноста и оперативната ефикасност на банкарскиот систем. Пондерираните каматни стапки на кредитите забележале намалување, додека пондерираните каматни стапки на депозитите се зголемиле во 2024 година. Оттука, распонот меѓу пондерираните каматни стапки на кредитите и депозитите се стеснил, во однос на крајот на претходната година.
„Во 2024 година, банкарскиот систем оствари добивка од 17.390 милиони денари (283 милиони евра – н.з.), којашто во споредба со претходната година е поголема за 3.095 милиони денари, или за 21,6 отсто (добивката во 2023 година беше повисока за 47,8 отсто или за 4.621 милион денари во споредба со добивката за 2022 година). Најголем придонес за растот на добивката има повисокиот нето каматен приход (раст од 3.088 милиони денари или за 12,3 отсто), помалите трошоци за исправка на вредноста коишто забележаа пад за 817 милиони денари или за 18,8 отсто, како и растот на нето-приходите од провизии и надоместоци (за 525 милиони денари или за 8,0 отсто). Извесен придонес во растот на добивката имаа и капиталните добивки остварени од продажба на средства, како и наплатените претходно отпишани побарувања (од категоријата на други приходи), коишто забележаа раст за 398 милиони денари и 341 милион денари, соодветно. Наспроти ваквите движења, оперативните трошоци се зголемија за 1.414 милиони денари или за 9,2 отсто, што имаше негативен придонес во растот на добивката“, велат од НБМ
Она што е битно да се истакне, е дека анализирано по одделна банка, сите банки оствариле позитивен финансиски резултат од работењето.
А, според претходно објавените извештаи на најголемата банкарска тројка составена од Комерцијална, Стопанска Скопје и НЛБ Банка, тие три банки имаа вкупен профит за лани од 191,4 милиони евра.
Додека, пак, во 2023 година петте големи банки имаа вкупен профит од 211 милиони евра, што значи дека нивната профитабилност е зголемена за 39 милиони евра.
Средните банки, пак, лани имале вкупен профит од 24,3 милиони евра, што е зголемување за 5 милиони евра, додека, пак, значаен напредок има кај профитабилноста на малите банки, кои се пет на број, и кои минатата година профитирале со 8,7 милиони евра, што е раст за 6,6 милиони евра.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





