16 Декември, 2025
0.0406

Населението на Балканот е намалено драстично во последните 10 години!

Објавено во: Балкан 18 Март, 2015 09:50

Добивај вести на Viber

Само во последните 10 години бројот на населението во 11 балкански држави е намален за речиси 3,6 милиони луѓе. Ова го покажуваат податоците од пописот во овие држави.

Од некогашните 55 милиони жители во балканските земји сега се останати меѓу 51 и 52 милиони луѓе. Овој значителен пад се должи најмногу на негативните трендови во 7 од земјите на Балканот - Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Албанија, Грција и Босна и Херцеговина. Во Македонија, Косово, Црна Гора и Словенија населението не се намалува, но и не се зголемува значително.

Според Демографите намалувањето на населението во последните 10 години се должи главно на протерувањето на луѓето од економски причини, но не помала улога играат и намалената стапка на наталитет и зголемената смртност.

Егзодусот по влезот на Романија во Европската унија е една од главните причини бројот на населението да се намали од 21,6 до 20 милиони само за десетина години.

Загубата е двојна, ако се направи споредба со периодот пред 30 години, кога земјата имаше околу 23 милиони жители.

Бројот на Бугарите во последната деценија е намален од 7,9 милиони на околу 7,3 милиони. Овие податоци се алармантни, ако се споредат со 1985 година, кога земјата имаше рекорден број на жители - околу 9 милиони.

Тоа значи дека Бугарија само за 30 години изгубила 1,5 милиони луѓе, што е рекорд не само во европски рамки, но и во целиот свет, бидејќи сега има население колку во првата година по Втората светска војна.

Србија за овој период изгубила над 300 000 луѓе, како од 7,5 милиони во 2002 година нејзиното население е намалено до 7,2 милиони во 2011 година. Двојно помалку граѓани од неа е изгубила Хрватска - 152 илјади. Само во 2013 година земјата изгубила 12 000 лица, што е преставува население од среден по големина град. Во Босна и Херцеговина минатата година било пресметано дека во споредба со пописот од 2006 година, населението е намалено за околу 700 илјади лица од 4,4 милиони достигна 3,7 милиони.

Во Грција, исто така е регистрирано намалување на бројот на населението за околу 150 илјади луѓе. Жителите на Албанија се намалиле за околу 8 проценти и од 3 милиони достигна 2,8 милиони во 2011 година, главно поради егзодусот.

Македонија е меѓу земјите на Балканот, каде што населението не се намалува, но и речиси и не се зголемува - од 2,022 милиони во 2002 година сега земјата има околу 2,064 милиони. Слично е ситуацијата и во Словенија, која во 2002 година имала 1,964 милиони жители, а минатата година - 1,988 милиони. Црна Гора во периодот од 2003 до 2011 година е зголемена популацијата само за околу 5 илјади луѓе - од 620 до 625 илјади, пренесуваат балканските истражувачи.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени