14 Мај, 2024
0.1413

НАШ СТАНДАРД: 70 отсто од Македонците заглавуваат со картици и потрошувачки кредити до 5.000 евра!

Објавено во: Финансии 26 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Вкупниот обем на нефункционални кредити од 2008 година до 30 јуни 2014 година пораснал за фантастични 2,5 пати! Учеството на кредитите што банките не можат да ги наплатат на половината на 2014 година достигнало 10 отсто од целата маса кредити на корпоративниот и граѓанскиот сектор. Нефункционалните граѓански кредити на половината на 2014 биле 21 отсто, а корпоративните 77,9 отсто од сите ненаплаливи кредити,  покажа истражување на вработен во Народната банка Македонците најчесто заглавуваат и не можат да отплатат кредитни картички и со потрошувачки кредити со износи кои не се поголеми од 5.000 евра. Кај станбените кредити најризични за граѓаните се тие што изнесуваат помеѓу 25.000 и 50.000 евра, покажало истражување на структурата на нефукционални кредити кои го вршел Михајло Васков од Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива во Набродната банка на Македонија. Замислете над 70 отсто од сите Македонци кои не можат да ги вратат своите долгови спрема банките должат помеѓу 1.000 и 5.000 евра на нивните картички или толкави се износите на нивните потрошувачки кредити. Во период од шест и половина години од 2008 до 30 јуни 2014 година износот на таа категорија луѓе што не можат да плаќаат и заглавуваат изнесувал секогаш над 70 отсто од сите кои што не можат да ги платат своите долгови спрема домашните деловни банки. Во 2008 година тој износ бил 73,2 отсто од сите неплаќачи, а на 30 јуни 2014 година изнесувал 72,2 отсто. Дури 14 отсто од сите неплаќачи заглавуваат со износ кој е понизок од 1.000 евра! Кај станбените кредити за граѓани најризична група се кредитокорисници на заеми од 25.000 до 50.000 евра. Дури 24,6 отсто од сите неплаќачи биле во оваа категорија на крајот на јуни лани. Таа категорија неплаќачи е најголема во структурата на сите неплаќачи во периодот од 2008 година до јули 2014 година. Со тоа што пред шест години таа категорија зафаќала дури 31,3 отсто од сите неплаќачи што укажува на можноста дека банките делумно ги затегнале условите за кредитирање на оваа најризична група на кредитобаратели. Истражувањето покажува дека во 2013 и во 2014 година драстично расте и неспособноста за враќање во групатата на кредитокорисници кои земале заеми повисоки од 100.000 евра. Нефункционалните кредити кај овие категории корисници достигна 24,5 отсто во јуни лани, а на крајот на 2013 година изнесувало 23,1 отсто. Очигледно е дека банките ги олесниле условите за оваа категорија кредитобаратели заради тоа што пред 2013 година нивното учество во нефунцкионалните кредити било одвај 13 отсто (2012 година) што пак е речиси двојно повеќе од крајот на 2011 година кога учеството е одвај над 7 отсто од сите нефункционални станбени кредити. Дури 25 отсто од нефункционалните биле краткорочни до 1 година отплата. Како одлучуваат банкарите? Истражувањето на Васков покажува дека дури 25 отсто од нефункционалните кредити биле издадени со рок на отплата до една година. Тој износ укажува на дилеми во начинот на одобрување на овие ркаткорочни кредити на клиенти (и граѓански и корпоративен сектор) со што се поставува прашањето како банките одлучуваат за доделување на толку краткорочни кредити и што анализираат кај нивните клиенти кога учеството на нефункционални кредити со рок на доспевање до една година достигнува дури една четвртина од сите нефункционални кредити. Истражувањето покажало дека дури половина од сите нефункционални кредити банките ги расходувале што значи дека ги отпишале во целост. Многу значајна одлика на домашните деловни банки е тоа што тешко или воопшто не ги менуваат условите на клиентите кои покажуваат неспособност за плаќање на своите обврски. Иако има тенденција на пад износот на нефункционални кредити кај кои банките не вршеле измени во условите на кредитите на 30 јуни 2014 бил 61,6 отсто од сите нефункционални кредити, а на крајот на 2008 година бил дури 87,8 отсто од сите заглавени кредити. Раст е забележлив кај категоријата реструктурирани кредити (што и е логично кога има пад кај категоријата кредити во кои не се менуваат условите на кредитирање). Така од 5,2 отсто во 2008 година нивното учество расте полека, но сигурно до 27,3 отсто во првата половина на 2014 година. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени