ТВРДИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА РУСКА ПРОПАГАНДА: Умеров вели дека Украина не планира да се откаже од своите територии
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2024
Се бориме за целосно ослободување на окупираните територи, вели украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров.
Toj изјави дека Украина нема да се откаже од борбата за враќање на сите територии кои Русија ги окупираше во изминатата деценија.
„Територијалниот интегритет е дел од нашите вредности“, рече Умеров.
Министерот нагласи дека сите жители на окупираните територии го чекаат ослободувањето и ги отфрли тврдењата за промена на приоритетите на Украина како дел од руската пропаганда.
Инаку, украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека уапсила командир на специјалните сили обвинет за предавање информации на руското воено разузнавање.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Американскиот претседател Доналд Трамп, тврдеше дека за многу кратко време ќе стави крај на војната во Украина.