Наскоро документарен филм за албанските снајперисти во Сирија
Објавено во: Балкан 05 Август, 2018
Најмалку 300 Албанци од Македонија, Косово и Албанија се заминати во Сирија за да се борат во име на светата војна.
Според извештајите на Косовската безбедносна служба, исламистичките екстремисти заминуваат во оваа земја во мали групи, тврдејќи дека им помагаат на нивните браќа.
Вчера на Твитер се појави најава за албанските снајперисти во Сирија, во области кои се под контрола на бунтовниците, со детални информации за оружјето и обуката.
Документарниот филм кој трае 33 минути ќе биде објавен наскоро.