Добивај вести на Viber
Воздухопловните власти на Македонија и Малта потпишаа Меморандум за разбирање, откриваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија. Овој документ го потпишаа директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дејан Мојсоски и директорот на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Малта, Иан Фалзон.
Со ова се отвора можноста за либерализација на воздушниот транспорт, која пак има за цел, да го поттикне развојот на туризмот, да ги отвори можностите за зголемување на бројот на нови рути и дестинации, како и да овозможи влез на нови авиокомпании кои ќе оперираат од и до двете држави, согласно принципите за влез на единствениот европски пазар.
“Меморандумите за разбирање и соработка се во насока на глобалните трендови за поттикнување на воздушниот сообраќај и промоција на транспортот како генератор на нови вработувањ и силен економски развој. Генералната заложба пак, на воздухопловните власти на Македонија и Малта е да дадат свој придонес во создавањето единствен воздушен европски пазар. Меморандумот, обезбедува јакнење на слободната конкуренција кај авиопревозниците, но едновремено има за цел да го подигне квалитетот на услугите во воздушниот сообраќај, и да понуди пониски цени за корисниците на воздушниот транспорт“, велат од Агенцијата за цивлно воздухопловство.
Нискобуџетни компании од Европа, Америка, Азија го скенираат македонското небо
Воздухопловната власт во земјава најавува директни летови од Скопје до некои од поголемите градови во Канада, Бразил, Сингапур најверојатно кон крајот на годинава. Иако допрва треба да се потпишуваат некои од спогодбите за отворено небо со овие земји, неколку нискобуџетни авиокомпании од Европа, Америка, Азија но и од Истокот го скенираат македонското небо. Од Агенцијата потврдуваат дека се во преговори за потпишување билатерална спогодба за отворање на небото меѓу Македонија и
Бразил, Кувајт, Сингапур, како и
Финска, Естонија и Полска.
На почетокот од летото во 2012 година САД го отвори небото за летови од Македонија. Агенцијата за цивилно воздухопловство потпиша договор со Америка, според кој се регулира воздушниот сообраќај меѓу САД и Македонија. Но, се уште се чека на авиокомпанија која ќе понуди директна линија до еден од американските аеродроми.
За период од една година Македонија доби и неколку нискобуџетни авиокомпании, како Пегасус, Бел ер, Eр Берлин и Визер. Од АЦВП уверуваат дека авиосообраќајот во земјава полека се раздвижува, што укажува на тоа дека цените на авионските билети треба да го напуштат плафонското ниво, споредено со цените на билетите во Европа и во светот.
“Изминатата година беше успешна, за што добивме и потврда од Евростат дека во првата половина од 2012 година за 19% порасна бројот на македонци што патувале со авион, во споредба со 2011 година. Статистичката агенција на Европската унија забележува дека најголем пораст на бројот на патниците во авион од земјите надвор од ЕУ чии податоци се разгледувале лани, има кај Македонија. Она што сакам да го потенцирам е дека во изминатите две години за прв пат воведовме директни летови до
Лондон, Москва, Амстердам, Рим, Анкона, Хелсинки, Ајндховен, како и до
Милано, Малме, Минхен, Дортмунд и до
Базел. И понатаму очекуваме поголема конкуренција, која ќе овозможи да се намалат цените, да се зголеми бројот на рутите, како и да има подобрување на услугите“, вели Мојсовски за Фактор.
К.П