30 Април, 2024
0.0247

Наскоро ќе се обелодени зошто и колку сме биле „лудаци“?

Објавено во: Економија, Колумни 16 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Веќе е јасно дека криењето информации не било без причина. Најмалку од презафатеност  со реализација на проектите, како што се сака да се прикаже. Првите сомневања за незаконитости во трошењето на буџетските средства се појавија низ извештаите на државниот ревизор за работењето на државните органи и институции, а „Скопје 2014“  ги засили. На изричити барања од јавноста за кои објекти колку е потрошено, власта остана глува. Информациите се кријат како „ змија нозе “. Прислушуваните разговори само го потврдија уверувањето дека криењето инфромации од јавноста  е манир во работењето на власта со цел да и‘се „заврзат очите“ на јавноста, да не ја види вистината за потрошените средства  и да се оправда  неразборитото трошење на народни пари. И  сето тоа, во ситуација на висока невработеност и голема сиромаштија, при забрзано задолжување на земјата. Да не зборуваме за коруптивните потфати на луѓе од врвовите на власта, кои сигурно не би биле толку присутни во практиката доколку се почитуваа обврските за благовремено информирање на јавноста и за нејзино вклучување во дебатите за трошење на буџетските пари. Информациите што се кријат или не се презентираат целосно се доказ за интересот на власта да не се дознае вистината. Не се даваат ни најобични информации за се‘ што не само директно туку и индиректно може го демаскира неразумното, нерационално, па и криминално трошење. Размислете зошто се‘уште не знаеме колку вработени има во државната администрација.  Или, колку ја чини  државата „проектот“ привлекување на странски директни инвестиции и дали е оправдан. Зошто, и покрај голем број критики, не се излезе со информација за ефектите од зголемувањето на субвенциите во земјоделството, а секоја година се трошат значајни буџетски средства (годинава, колку и приливот на странски директни инвестиции, досега). Иако, во повеќе наврати се побара, јавноста не се   информира за тоа какви се ефектите од проектите „компјутер за секој ученик“ или „модернизацијата на здравствените установи“. Остана сознанието за интересот на можни провизии, независно што добар дел од опремата остана по подруми и магацини, нераспакувана и неупотребена, поради несоодветни услови за нејзино искористување. Да не зборуваме за ефектите од дневната популистича политика во социјалната сфера. По многу критики, јавноста веќе располага со податоци за јавниот  и вкупниот долг на државата, меѓутоа, не се симнаа сомневањата за нивната објективност, особено за владиниот  и за јавниот долг, по промената на методологијата за пресметување. Никој не разбра каква е економската смисла на  префрлање на  долгови што ги „аранжира“ владата  во јавни претпријатија, особено кога тие работаат на работ на рентабилноста или работаат со загуби. Остана сомневањето дека единствената смисла е во тоа  јавноста да се убеди дека владата троши помалку отколку што мислат критичарите. Притоа, не се прави ни обид власта да се спротивстави на критиките  за нејзина значајна задолженост кон нејзините доверители (освен вербално, дека ги исполнува своите обврски), а неколку години  успешно ги преведува бизнисмените „жедни преку вода“, обезбедувајќи си поповолни рокови за измирување на сопствените обврски кон доверителите. Зашто, ако ги исполнува обврските нема потреба  да обезбедува поповолна позиција. Уште повеќе што со тоа го деформира и руши пазарниот систем. Стравот на власта да ја информира јавноста  несомнено лежи во сознанието дека со одговорите на овие сомневања  не само што нема  да ги симне сомневањата околу споменатите и други прашања туку ќе создаде „база на податоци“ кои ќе можат да се проверуваат, споредуваат и ставаат во други контексти. Затоа, таа ги има доведено до совршенство максимите „молчењето е злато“ и „куќињата лаат, а караванот поминува“. Меѓутоа, за среќа, не повеќе. Молчењето е на пат да се разбие со влегувањето во владата на опозициони министри и заменици министри. Нивна главна задача е  да ги извадат на   површина скриените валкани алишта на власта, кои се полни со флеки од раскалашено трошење, противзаконито испумпување на средства, билдање на партискиот рејтинг со купување на гласачи со народните пари. А караванот ? Тој ќе биде сопрен од истрагите на Специјалното обвинителство. Со народните пари не може и не смее да се располага по ќев на избраните, туку според правила и принципи утврдени со уставот и законите. По испливувањето на вистинските информации на површината ќе се промени и јавната атмосфера во земјата. Ќе се создадат услови за објективни расправи и ќе се елиминираат вербалните етикетирања на критичарите  како противници на власта, па и предавници на татковината. Брзо ќе се види каква била  вредноста на  забелешките за доминација на  непродуктивната потрошувачка, и покрај порастот на буџетските расходи, од една страна, и на забавувањето на економскиот раст на земјата, од друга страна. Ќе се види и дострелот на долгогодишната  „политиката за развој преку проекти“, со доминантна улога на државата во економијата, со претерано потпирање врз прилив на странски инвеститори   и со нагласена популистичка политика, наспроти долгорочна социјална политика усогласена со развојот. Точно е дека вистината тешко излегува на површина, но точно е дека и истита не може да се крие бесконечно. Мислам дека полека се ближи моментот кога сите, во вистинска смисла на зборот ќе го разбереме уверувањето на министерот дека „немаме за зеб, а трошиме на чоколади“.  И секако ќе разбереме зошто и колку сме биле „лудаци“. Страв му е на човек да помисли што се‘ се крие зад досега недостапните информации. Засега е добро  што се создадоа услови да се дојде до вистината, меѓутоа, таквата шанса треба да се искористи  повеќе за трасирање на излезни патишта од длабоката општествено-економска и политичка криза отколку за „вербално пресметување“  со актуелната власт.  За тоа е доволна критиката со презентирање на објективни информации, бидејќи  за „ топ грешниците од власта“ е надлежна специјалната обвинителка. А  другите, кои сигурно ги има во голем број и ќе се појават со испливувањето на информациите,  си има надлежни  институции, кои ќе решаваат за нивните дела, но се надевам исчистени од партиски влијанија. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи