19 Декември, 2025
0.3730

Насмеани вработени-Македонија на петто место во светот

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2014 13:45

Добивај вести на Viber

На петтото место во светот се најде Македонија во поглед e на насмевките кои купувачите ги добиваат од вработените. Според тајните купувачи, во 91 отсто од посетите вработените биле насмеани додека ги услужувале, со овој резултат земјата е над светскиот просек кој изнесува 83 отсто. Резултат е повисок во споредба со минатата година, кога бил 72 отсто. Компанијата „Better Business World Wide“  годинава 10-ти пат ги сублимира податоците од агенции кои спроведуваат тајно купување во Азија, Европа, Северна и Јужна Америка, во извештајот за насмевки „Smiling Report“ (www.SmilingReport.com). Извештајот е изработен врз основа на извршени 1,6 милиони посети на тајни купувачи, во 53 земји од светот во цел спектар на индустрии. Во истражувањето учествуваше и Македонија, со поддршка на агенцијата за истражување SWOT Research. Тајните купувачи во Македонија биле поздравени од страна на вработените во 67 отсто од спроведените посети, покажува истражувањето.  Со тој резултат, како што се наведува, се наоѓаме на четвртото место пред дното на табелата во друштво со азиските земји Хонгконг, Макао и Индија. - Овој резултат е послаб во споредба со претходната година за 10 процентни поени и е значително понизок од светскиот просек кој изнесува 86 отсто. Лидер на табелата е Полска, следена од Ирска, Шпанија и Чешка. Држави во кои тајните купувачи пријавиле најмалку насмевки се Кина, Макао и Јужна Кореја со резултат под 60 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција