19 Декември, 2025
0.0424

НАСТАВА ВО ВРЕМЕ НА КОВИД: Дали децата ќе можат со часови да седат под маски?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Јули, 2020 07:01

Добивај вести на Viber

Учениците ќе се вратат во училишните клупи на 1 септември, но со маски и ќе треба да прават редовна дезинфекција на рацете. Часовите ќе траат по 20 минути. Вака ќе се одвива наставата во новата учебна година поради пандемијата на коронавирусот.

Но, педијатрите велат дека ќе биде тешко децата на настава да седат под маски. Тие велат дека мора многу да се работи со родителите и тие за сериозноста на ситуацијата и за мерките за заштита да зборуваат со своите деца.

„Тоа е како еден ланец, мора да се работи и со родителите, да им се објасни на децата она што го слушаме, да се носи маска, да се одржува хигиена и дистанца. За  малите деца ќе биде тешко со часови да седат на настава со маски. Тие можеби ќе седат 15-20 минути, еден час, но подолго ќе биде тешко. Децата кои имаат проблеми со дишење и со алергии исто ќе имаат потешкотии за подолго носење на маски и за нив е најдобро да седат дома. Потребно е часовите да траат кратко, да можат децата да излезат надвор, на отворен простор, да земат воздух. Сметам дека децата кои имаат над 5 години треба да носат маски. Од оние деца кои сега доаѓаат кај нас, малите не носат маски, но поголемите носат“, објаснува Севдија Коџа, педијатар од болницата во Дебар.

Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. Ова е еден од начините на кој ќе се реализира учебната година од септември, најавија од Министерството за образование и наука.

Ако во некое одделение има деца со хронични болести, тогаш тие наставата ќе ја следат онлајн. Другиот модел е комбиниран. Ова овозможува – во случај училиштата да немаат доволно простор, одделенијата да се поделат во две групи. Моделите нема да важат за целата држава. Ќе се прецизираат според општини и според стапката на заразеност.  Доколку во една општина има мал број позитивни случаи и училиштата се со мал број ученици, тогаш наставата ќе се одржува во училиштата. Пред 15 август надлежните ќе ги прецизираат сите детали за текот на наставата.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот